- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Перез: Немам ништо против Себ

Серхио Перез нема место во Формула 1 за наредната година откако Рејсинг Поинт одлучија да ја прекинат соработката со него и да го донесат Себастијан Фетел во тимот за следната година.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Тој и покрај се нема лоша мисла за неговото време поминато во тимот откако дојде во 2014 година, а пред трката во Сочи тој за новинарите изјави:

Има некои контакти со неколку тимови и разговори. Мислам дека следната недела ќе знам дали имам реална шанса, Но тоа ќе го задржиме меѓу мене и тимовите. Секој заслужува почит бидејќи имаат моментални возачи – објасни мексиканецот.

Тој изјави дека нема да остане во Формула 1 само за да биде дел од спортот без никакви шанси за нешто позначително. 

Потребна ми е мотивација за да продолжам и да давам 100 проценти во секој круг. Мора да се осигурам дека проектот ќе ме мотивира. Доколку не е така нема да продолжам. 

Перез имаше опција да продлжи со тимот, но со носењето на Фетел таа опција ја снема. 

Немам ништо против Себ, тој е одличен човек и возач и мислам дека доаѓа во фантастичен тим кој растеше и стана силен. Очигледно не е ова тоа што го сакам, Но кога си долго во бизнисот ќе ги сфатиш одлуките. Нема повредени чувства и знам дека Не е ништо лично. Продолжувам напред и среќен сум со тоа. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Еклстон: Време е Хамилтон да добие силен колега

Берни Еклстон има огромна почит за достигнувањата на Луис Хамилтон, но смета дека е дојдено време да добие нов колега. Шесткратниот првак многу скоро ќе...

РЕЗУЛТАТИ

Португалија: Хамилтон го сруши Шумахер, 92ра победа за шампионот

Луис Хамилтон го сруши Михаел Шумахер од првото место на вечната листа на победници со својот триумф на Португалското Гранд При што беше победа...

популарно

Мерцедес објаснија зошто не му дозволиле софт на Ботас

Тото Волф објасни дека Мерцедес биле “тврди“ во својата одлука во однос на планираната стратегија за Валтери Ботас на Португалското Гранд При и покрај...