Перез: О’Вард може да се трка против најдобрите

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Серхио Перез верува дека сонародникот Пато О’Вард има способност да се натпреварува против најдобрите возачи во светот по неговиот импресивен старт на новата сезона во Индикар.

О’Вард го превзеде водството на шампионатот на возачи на Индикар со победа од 16то место на втората трка во Детроит минатата недела, откако освои пол позиција и заврши на третото место еден ден порано.

Победата доведе до пофалби за возачот на Ароу Мекларен СП, кој треба да го направи своето деби во Формула 1 со Мекларен подоцна оваа година, како награда за неговата прва победа на Индикар на почетокот на оваа година.

Ова означи успешен период за мексиканските возачи, само по седум дена откако Перез ја забележа својата прва победа годинава за Ред Бул на трката за Големата Награда на Азербејџан.

Запрашан од Motorsport.com за победата на О’Вард, Перез зборуваше за талентот и способноста на 22-годишникот, верувајќи дека може да се натпреварува против најдобрите и дека може да се трка добро во Форнула 1 во зависност од тоа колку брзо се прилагоди од Индикар.

Мислам дека беше одлично. За два викенда добивме победа во Формула 1, а потоа и победа во Индикар, така што тоа е одлично за нашата земја.

Да бидам искрен, мислам дека Пато е голем талент. Прашање е само колку е различен ИндиКар од Формула 1 и колку брзо може да се прилагоди на Формула 1.

Секако мислам дека тој има талент да се натпреварува со најдобрите возачи на светот.

О’Вард се приклучи на американската серија по краток период со Ред Бул во 2019 година на трки во Европа и Јапонија, правејќи два старта во Формула 2 и три трки во Супер Формула. Откако беше ослободен пред време од договорот, одбра да се врати во САД за да му се придружи на Ароу Мекларен СП во Индикар. Пато заврши четврти на минатогодишниот шампионат, постигнувајќи четири пласмани на подиумот.

Неговиот прв тест во Формула 1 ќе биде на тестот за гуми на Пирели на крајот на годината во Абу Даби, кој е наменет за дебитанти.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема