Перез сеуште не се чувстува удобно

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Мексиканецот Серхио Перез, откри дека сеуште го нема удобното чувството во болидот на Ред Бул, иако во еден момент беше лидер на трката за Големата награда на Португалија. 

Стартувајќи од четвртата позиција, тој уште еднаш демонстрираше дека е мајстор за менаџирање на гумите откако извозе 52 круга со стартниот медиум. Најдолгата серија значеше и водство пред да биде престигнат од Луис Хамилтон, по што влезе во бокс.

Сеуште не се чувствувам како што сакам, Далеку сум од тоа. Ова е процес и се надевам наскоро ќе се случи. Сега го возам болидот и се адаптирам и се трудам да внимавам на гумите – изјави перез.

Серхио смета дека шансата за подиум ја загубил на самиот старт каде тој пролизга и едвај тргна, губеји позиција најпрво од Саинз, а потоа и од Норис. 

Се започна на стартот. Немав многу грип и ги пролизгав тркалата поради што загубив позиција од Карлос. Подоцна ја вратив, но ја загубив од Ландо Норис.

Погледнав во ретровизорите и Ландо беше целосно надвор и јас не се бранев доволно. Ми требаа неколку кругови да го стигнам и направив разлика до водечите но подоцна си имав своја трка. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема