Пиастри: Не е фер Алфа Ромео да се критикува што го потпишале Жу

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Младиот штитеник на Алпин, Оскар Пиастри, верува дека критиките против новиот возач на Алфа Ромео, кинезот Гуанју Жу не се фер и целосно го поддржа својт колега од Академијата на францускиот производител/

Формула 2 лидерот во поредокот, австралијанецот Пиастрри, долго време се поврзуваше со празното место во Алфа Ромео за следната сезона, но Алпин реши да го задржат како нивна надеж и во 2022 година ќе биде резервен и тест возач.

Жу себе донесе богати спонзори во Хинвил, поради што Антонио Џовинаци, кој преку социјалните мрежи објави дека парите владеат со Формула 1, гозагуби своето место.

потпишувањето на алфа ромео со жу донесе негативност во социјалните мрежи и слично, но мислам, да бидам искрен, сето тоа не е фер. знаеме дека носи финансии и богати спонзори со себе, но тој не е воопшто слаб возач, втор е во формула 2 во моментов, има исто победи како и јас, беше првопласиран на почетокот на сезоната. дефинитивно не доаѓа само поради парите.

сигурен сум дека ќе му биде тешко против валтери затоа што тој е многу силен, но возбуден сум да видам како ќе се снајде и ако верувам дека ќе заврши одлична работа – изјави пиастри.

Во моментов Оскар има 36 поени предност во однос на Жу во Формула 2 поредокот на две трки пред крајот од таа сезона. Двајцата се членови на Академијата на Алпин, а Пиастри следната година добива промоција во серниорската екипа.

Жу целосно ќе ја прекине соработката со Алпин затоа што ќе биде возач на Алфа Ромео.

алпин е голема фабричка екипа, производител и се надевам дека парите нема да бидат голем проблем за нив. не знам колкава и каква улога ќе играм во иднина, но веројатно ќе биде добро што жу одиво друг тим.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема