0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Пирели го објави изборот на гуми со изненадување за Австрија

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Пирели го објави изборот на соединенија на гумите што ќе ги донесе на 10та, 11та и 12та трка од светскиот шампионат во Формула 1 оваа година.

Италијанските производители на пневматици веќе ги објавија гумите што ќе се користат за време на викендот за Големата Награда на Британија, следната на календарот, но сега го потврдија својот избор за трките во Австрија, Франција и Унгарија.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

За Австрија, Пирели се одлучија за изненадувачка селекција со сет далеку помек од претходно. Минатата сезона, гумите К2, К3 и К4 беа избрани за Големата Награда на Австрија, но за 2022 година тимовите ќе ги користат најмеките три достапни гуми, К3, К4 и К5. Тоа треба да ги зачини стратегиските избори.

Пирели не предизвика шокови со нивниот избор за Франција и Унгарија, сепак, со гумите К2, К3 и К4 избрани за тие тркачки викенди. Тие избори се исти како и минатата сезона, иако гумите се поместени од 13 инчи на 18 инчи во дијаметар.

Изборот на Пирели досега

Трка К1 К2 К3 К4 К5
Бахреин X X X    
Саудиска Арабија   X X X  
Австралија   X X   X
Емилија Ромања   X X X  
Мајами   X X X  
Шпанија X X X    
Монако     X X X
Азербејџан     X X X
Канада     X X X
Велика Британија X X X    
Австрија     X X X
Франција   X X X  
Унгарија   X X X
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Алонсо: Верстапен е чекор пред сите годинава

Фернандо Алонсо смета дека конкурентите за овогодишната титула возат неверојатно добро, но дополни и дека Макс Верстапен...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Себ ги откри целите на Астон за годинава

Себастијан Фетел го освои последниот поен на Унгарското Гранд При откако стартуваше од 18то место на гридот...

Хорнер: Моторот на Макс ќе откажеше ако не го променевме

Кристијан Хорнер детално објасни какви проблеми имал моторот на Макс Верстапен поради кој холанѓанецот ги заврши квалификациите...