Пирели се речиси готови со гумите за 2022

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Шефот на Пирели моторспорт, Марио Изола, изјави дека компанијата е 80-90% подготвена со конструкцијата на гумите за наредната година. 

Оваа недела продолжија тестовите со Ред Бул, Алфа Ромео и Алпин на автодромот крај Барселона. Планирани се уште тестирања со АлфаТаури во Австрија, Ред Бул, Астон Мартин и Хаас во Силверстон и последно Мерцедес, Мекларен и Ферари во Унгарија. Финалните гуми ќе се тестираат во Абу Даби. 

Во однос на развојот, сега сме во процес на финализирање на конструкцијата и профилот. Би рекол дека сме на 80-90% за финализирање на конструкцијата и почнуваме да ги тестираме компонентите.

ВИдовме дека Ц3 добро работи. Таа е прва од новата серија на компоненти за новата сезона која Многу помалку прегрева – откри италијанскиот шеф.

Исола смета дека овие болиди за тестот не ги даваат сите одговори бидејќи болидите наредната година ќе бидат многу различни. 

Во моментов користиме болиди кои не се репрезентативен примерок како тие за наредната година. Тие болиди ќе бидат многу различни.

Не може да го тестираме влијанието на следењето на болидите бидејќи нема доволно сообраќај на тестовите. Претпоставуваме како ќе функционира за да го намалиме прегревањето.

Потисната сила треба да се задржи или да се загуби максимум 10%, но тоа е различно со губење на 50% кога болидите лизгаат. Ќе имаме точни одговори догодина.

Побаравме тестните болиди да имаат одредено ниво на потисна сила, минимална тежина и распореденост на тежината за да видиме што да очекуваме, Но има одредени разлики кога се работи за болидите за 2022 година бидејќи сопирачките ќе бидат различни и ќе има капаци на тркалата. Сеуште има многу прашања, но се обидуваме да ги решиме. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема