Платата на Тото Волф е 8 милиони евра годишно

Тото Волф на име плата од Формула 1 тимот на Мерцедес инкасира 8 милиони евра годишно.

Информацијата ја пласираше австрискиот дневен весник Osterreich, а врз база на финансиските податоци од завршните сметки на компанијата за минатата година.

“Сребрените стрели“ потрошиле 350 милиони евра за водење на тимот кон нови двојни титули лани, а имале приход од 380 милиони евра, што значи забележале профит од 30 милиони евра.

Откриени се и платите на шефовите на тимот, а Тото Волф исто како и починатиот Ники Лауда биле платени со по 8 милиони евра на годишно ниво.

НАЈНОВО

Со најбрзо време, Ботас се забавувал на последниот ден

Валтери Ботас го заврши последниот ден од првиот предсезонски тест во Барселона со најбрзо постигнато време и имал забава возејќи го В11. Иако поголемиот дел...

популарно

На Марко му олеснало кога Астон Мартин се откажале

Доктор Хелмут Марко откри дека откажувањето на нивниот главен спонзор, Астон Мартин, од соработка со Ред Бул по крајот на оваа сезона, било многу...