Подиумот во Бразил е “најмлад“ во историјата … а кој е “најстар“?

Откако спласна возбудата по драматичното Бразилско Гранд При, стана јасно дека станува збор за нов рекорд во Формула 1, најмлад подиум во историјата на спортот, подобар од претходниот поставен пред 11 години во Италија.

Триото од Макс Верстапен, Пјер Гасли и Карлос Саинз, беше доволно за новиот рекорд, со просечна возраст од 23 години, 8 месеци и 23 дена.

Тоа е подобро од претходниот рекорд поставен од Себастијан Фетел во 2008 година, придружен од Хеики Ковалаинен и Роберт Кубица, со просечна возраст од 23 години, 11 месеци и 16 дена.

Рекордот од 2008 година ќе останеше дококу стјуардите не си ја завршија својата работа и не му доделија казна од 5 секунди на Луис Хамилтон за предизвикување на судар со Александер Албон во борбата за второ место.

Но што е со најстариот подиум во Формула 1? Истиот беше поставен на 4та трка во 1950 година во Швајцарија, кога просечната возраст на Нино Фарина, Луиџи Фагиоли и Луи Росие беше 46 години, 8 месеци и 20 дена.

НАЈНОВО

Андреа Стела: Ферари ќе стигне до нова титула

Поранешниот инженер од Маранело, Андреа Стела, смета дека е само прашање на време пред Скудерија да додаде нова титула во витрините во Маранело. Тој...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Вилнев смета дека Леклер ги задржувал Ферари сезонава

Жак Вилнев смета дека нетрпеливиот Шарл Леклер ги задржувал и забавувал Ферари оваа тркачка сезона. Никогаш недокажаниот Формула 1 првак од 1997 година смета дека...