- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

“Политичарот“ Хамилтон ги исправува грешките

Луис Хамилтон го појасни својот став околу контроверзниот пост кој го сподели на Инстаграм кој беше проследен со огромна количина на критики преку социјалните медиуми.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Хамилтон сподели пост од трета странка која пак вклучи видео во кое основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, коментира во однос на напредокот направен во однос на вакцината за КОВИД-19. Коментарот на третата страна гласеше: Паметам кога ја слушнав првата лага. Очигледен напад кон напорите на милијардерот преку фондацијата на Бил и Мелидна Гејтс.

Хамилтон потоа сподели тотално неоснована теорија на заговор на неговите 18 милиони следбеници и ја одобри пораката. Во рамки од еден час, шесткратниот шампион ги дови погледите, но и големо ниво на критики од фановите и следбениците. Возачот на Мерцедес потоа ја избриша пораката.

Здраво дечки. Приметив некои коментари на мојот претходен пост околу вакцината за Корона вирусот и сакам да ја појаснам и сфаќам зошто би можеле да бидат погрешно сфатени.

Најпрво, јас не го видов коментарот околу лагата и беше целосно моја вина, имам целосна поддршка за Бил и Мелинда Гејтс. Сакам да бидам јасен дека не сум против вакцина и не се сомневам дека тоа ќе биде дел од борбата против вирусот. Сепак, откако ги разгледав видеата, тоа покажа ниво на ниско разбирање околу контра ефектите и начинот на финансирање што е многу важно за да се спасат животи.

Можеби не секогаш сум во право во тоа што споделувам, но учам како што одиме напред. Ви испраќам позитивност! – сподели ПР машинеријата на Хамилтон.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

🎥 Гасли гневен на пласманот

Пјер Гасли не можеше да го скрие разочарувањето во разговорот преку тимското радио со екипата по лошата трка на Силверстон. Упорно бараше објаснување и упорно...

РЕЗУЛТАТИ

Британија: Макс Верстапен ги победи Мерцедес

Макс Верстапен сам ги победи Мерцедес и ја донесе првата победа за Ред Бул на домашната трка од 2012 година кога Марк Вебер триумфираше...

популарно

Ферари ги решија своите проблеми, па сега се вмешаа во копирањето на Рејсинг Поинт

На ден пред сослушувањето од ФИА во однос на легалноста на болидот на Рејсинг Поинт, Ферари достави барање до Формула 1 барајќи...