0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Поради доминацијата на Луис, Валтери сакал да се откаже

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Валтери Ботас откри дека поради неможноста да го победи Луис Хамилтон во Мерцедес, имал психолошки проблеми, желбата за тркање му се намалувала и размислвал да се откаже.

Како наследник на Нико Розберг од 2017 година во Мерцедес, финецот мина 5 години крај Хамилтон и стигна до сите свои 10 Гранд При победи во тој период. Но, по две години тркање крај Луис и во негова сенка, неговата самодоверба брзо опаднала до точка до која размислувал да се откаже од тркањето.

на крајот на 2018 година за малку ќе престанев да се тркаме, бев толку брзо до откажување. сето тоа беше поради фактот што не можев да разберам зошто никако не можев да го победам луис тие години. премногу се притискав себе на крајот на таа 2018 година особено кога почнав да добивам улога на втора возач и поддршка на луис. не можев тоа да го поднесам, многу се мачев и не ми беше воопшто забавно.

последните четири трки од таа година беа болни за мене, не уживав во формула 1, не бев јас. имав добра и позитивна пауза по крајот на сезоната и убаво размислив за работите – се присети финецот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Валтери откри дека за време на тој тежок период во кој бил полн со недоверба во себе, радоста и уживањето во тркањето буквално исчезнале.

човековиот ум е многу чуден на начин што често забегува на некои темни места. губите радост додека се тркате, не сте среќни во формула 1 и не сакате да се тркате, јас речиси и да бев гневен на спортот.

чудно е, но ми требаше одмор и мислам дека тогаш ја сфатив големата слика, дека спортот е навистина кул и дека имам добри можности пред себе и не сум глупав да не ги прифатам.

одлучив да одморам во јужна америка и да не мислам воопшто на формула 1 туку само на радоста која ми ја носи спортот и мојата мотивација. одеднаш се се совпадна, веројатно на средина од јануари кога сфатив дека можам да се тркам повторно. успеав да се приберам и бев среќен повторно додека возам.

веднаш имав посилни резултати во 2019 година одошто претходната, тоа беше моја најдобра сезона во кариерата.

Во 2019 и 2020 година тој заврши на второ место во возачкиот поредок зад својот колега.

победив доста трки особено во првиот дел од сезоната, а на моменти водев во шампионатот и беше навистина силна година за мене, но константноста и перформансите на хамилтон беа премногу за да можам да ги стигнам.

луис долго време беше дел од мерцедес било како возач или само како личност и дел од тимот. тој е доминентен и навистина е многу тешко да се носите со него, јас никогаш не успеав, а сакав да го направам тоа. луис е луис, сите се угледуваат на него, тој е репер за се, така стојат работите.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Волф: Тешката сезона многу ќе ни помогне

Шефот на Мерцецес, Тото Волф очекува тешката сезона на тимот да му помогне многу во иднина.  Тимот од...