Поради проблеми со документите, Леклер слетал во Њу Јорк наместо во Остин

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Шарл Леклер објасни дека проблем со документите за неговото патување во Америка довело до тоа наместо во Остин, да слета и да мине еден ден во Њу Јорк.

Најголем дел од персоналот кој доаѓа во Америка за трката во Тексас е потребно да има National Interest Exception (NIE) поради моменталните рестрикции за патување, кои ќе бидат отстранети за вакцинираните патници на 8 Ноември. Пред да слета во Остин, Леклер бил во Њу Јорк, а потоа и во Милвоки, заедно со својот личен тренер.

За време на прес конференцијата, возачот појасни дека посетата на Њу Јорк била непланирана, а се случила откако не му било дозволено да се качи на предвидениот лет поради проблем со документацијата.

не беше планирана посета, но беше кул. мојот NIE документ не беше прифатен на аеродромот така што не можев да се качам на предвидениот лет и морав да менувам летови, така што во последен момент стигнав до њу јорк. минав ден таму, беше моја прва посета на њу јорк, беше неверојатно, каков град, навистина уживав.

потоа бев во милвоки за првата нба утакмица во сезоната што беше лудило поради церемонијата со прстениет. неверојатно искуство, а сега сум тука во остин подготвен за возење – објасни леклер.

Моначанецот објасни дека ги имал сите потребни документи, но официјалните лица на аеродромот не биле свесни за исклучокот за патување кој треба да се направи, поради што го пропуштил летот.

имаше еден човек на аеродромот во ница кој од не знам која причина не знаеше што е nie и јас заглавив со него. една минута пред да се затвори летот сфати што е тоа, но беше предоцна.

како и да е, нема проблем. некои документи можев да ги пополнам на патот кон њу јорк што ми помогна затоа што за прв пат го посетив градот.

Шарл по трет пат ќе се трка на Патеката на Америките викендов откако ланското издание на трката беше откажано поради пандемијата. Тој е нетрпелив  да се појави пред американските фанови иако е загрижен за поплаките од МотоГП возачите неодамна.

остин е патека на која навистина многу уживам да возам, предизвикувачка е и нерамна. гледајќи мотогп, веројатно е понерамна одошто пред две години, така што ќе бара привикнување.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема