Португалија: Драма по квалификациите, Квартараро ќе стартува од пол

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

За момент се очекуваше дека Франческо Бањаја со своето Дукати ќе стартува од првата позиција на утрешната Голема Награда на Португалија во Мото ГП, со најбрзо време од 1:38.494, но истото беше поништено од стјуардите поради жолто знаме и наместо него, Фабио Квартараро ќе стартува од првото место.

Моторциклистот на Дукати го урна стариот рекорд на Алгарве во последниот круг, но несреќата за португалецот Мигуел Оливеира доведе до истакнување на жолтите знамиња додека Бањаја поминуваше низ тој сектор и го чинеше неговиот најбрз круг.

Алекс Еспаргаро од Априлија го постави првичното време со солидни 1:39.452, но ова го искористи Квартараро, кој го постави најдоброто време на викендот од 1:38.862, кое воедно му ја обезбеди пол позицијата. За Квартараро ова е 11та пол позиција во Мото ГП кариерата.

Во исто време, Жоан Зарко од Прамак вршеше сериозен притисок врз времето на Квартараро, но тој падна во свиокот 11. Ова се одрази и на Бањаја и на Квартараро, како и Маверик Вињалес, на кои им беа откажани најбрзите кругови во тој момент.

Алекс Ринс на Сузуки скокна на третата позиција, но со откажувањето на кругот на Бањаја, Ринс ќе стартува од второто место, додека до него ќе биде Јохан Зарко.

Од вториот ред ќе стартуваат Џек Милер, Франко Морбидели и повратникот во кралската класа, Марк Маркез, кој до сега има одлични перформанси и покрај 9 месечното отсуство од патеките и кој беше најбрз во првата квалификациска сесија.

Алекс Еспаргаро ќе стартува од седмото место за Априлија, додека Лука Марини и Жоан Мир со својот Сузуки се на осмата и деветтата позиција.

Од четвртиот ред ќе стартуваат Мигел Оливеира, Франческо Бањаја, Маверик Вињалес, а позади нив ќе се наредат Алекс Маркез, Пол Еспаргаро и Бред Биндер.

Енеа Бастианини, Валентино Роси и Данило Петручи ќе започнат од петиот ред, следени од Икер Лекуона, Лорензо Савадори и Такааки Накагами, кој поради повреда можеби нема да учествува.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема