Португалија: Реприза од падови, Квартараро маестрален

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Фабио Квартараро излезе како победник на возбудливата трка на патеката Алгарве во Португалија, исполнета со падежи како и на вчерашните квалификации и тренинг сесии, додека повратникот Марк Маркез го прикажа најдоброто од самиот старт, но не доволно до крајот.

Моторциклистот на Јамаха, Квартараро триумфираше на третата трка од годинешниот Мото ГП шампионат, Гранд При на Португалија.

Францускиот мотоциклист дојде до втората победа по ред на патеката Алгарве и шеста во кариерата, а истовремено на својот тим му го донесе третиот триумф оваа сезона на исто толку трки.

Во центарот на вниманието во Португалија беше борбата на Квартараро со Алекс Ринс на Сузуки, кој потфрли во тој дуел и излета од патеката на седум круга пред крајот, токму кога беше убедливо најбрз на патеката.

Најблиску до водечките беше Франческо Бањаја на Дукати, со скоро пет секунди заостанување, додека актуелниот шампион Жоан Мир заврши на третото место на победничкиот подиум.

Покрај славењето на младиот Французин, трката во Портимао ја одбележа и враќањето на осумкратниот светски шампион Марк Маркез, кој ја заврши првата трка на седмото место од Јули минатата година. Маркез имаше одличен старт и по неколку свиоци стигна и до третото место, но потоа изгуби неколку позиции. Сепак, шпанецот покажа дека и по долготрајното отсуство, неговата способност е на врвно ниво и најверојатно набрзо ќе се бори на водечките позиции.

Како и претходните сесии викендов, трката повторно забележа неколку падови, доказ дека Алгарве е голем предизвик дури и за најдобрите во кралската класа.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема