По 100 извозени трки, каде е Верстапен споредено со Хамилтон, Фетел, Алонсо и Шумахер

Американското Гранд При во Тексас беше 100та трка за Макс Верстапен во Формула 1. Откако тој стана најмлад возач кој се појавил на трка и најмлад опбедник на трка, Ред Бул немаат пакет да му овозможат посериозен напад и константна борба со Мерцедес и Ферари.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Медиумите често пати го нарекуваат следниот повеќекратен светски Формула 1 шампион, така што добро е да се видат бројките на младиот холаѓанец споредено со Формула 1 великаните од скоро, односно со Луис Хамилтон, Себастијан Фетел, Фернандо Алонсо и најголемиот Михаел Шумахер.

Верстапен (Австралија 2015 – Америка 2019)

Титули: 0
Победи: 7
Пол позиции: 1
Најбрзи кругови: 7
Подиуми: 29
Трки во водство: 18

Хамилтон (Австралија 2007 – Германија 2012)

Титули: 1
Победи: 18
Пол позиции: 21
Најбрзи кругови: 11
Подиуми: 46
Трки во водство: 42

Фетел (Америка 2007 – Америка 2012)

Титули: 2 (3та обезбеди на 101та трка)
Победи: 26
Пол позиции: 36
Најбрзи кругови: 15
Подиуми: 46
Трки во водство: 47

Алонсо (Австралија 2001 – Италија 2007)

Титули: 2
Победи: 19
Пол позиции: 17
Најбрзи кругови: 11
Подиуми: 46
Трки во водство: 47

Шумахер (Белгија 1991 – Јапонија 1997)

Титули: 2
Победи: 27
Пол позиции: 17
Најбрзи кругови: 28
Подиуми: 54
Трки во водство: 46

НАЈНОВО

По 10 извозени кругови, Саинз би се вратил во нормала

Карлос Саинз изјави дека не му се потребни повеќе од 10 кругови за да се врати во нормала при рестартот на Формула...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...