0 ден

Нема производи во кошничката.

Првиот Џордан на Шуми повторно на аукција

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Првиот болид на Михаел Шумахер во Формула 1, Џордан од 1991 година, пакетот со кој Црвениот барон дебитираше таа година на Спа, повторно е понуден на аукција.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Само 18 месеци откако првично беше продаден, болидот повторно е понуден. Се работи точно за шасијата број шест која токму седумкратниот првак ја користеше на денот кога дебитираше во Белгија и се квалификуваше на фантастично 7мо место, иако поради механички проблем не ја зарши трката.

Михаел влета во спортот како замена за Бертранд Гашо кој за време на викендот имаше проблеми со законот. Џордан 191 е произведен во 7 примероци, а освен Шуми и Гашо, со болидот се тркаа и Алекс Занарди и Андреа де Чезарис таа година.

Болидот има В6 мотор на Форд од 650 коњски сили, преработен и освежен од фабриката во Лангфорд, истата која првично го произведе.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Шасијата со број 6 првично ја купи белгискиот колекционер Жан Биатон и ја чуваше се до 2005 година кога ја продаде на Дидие Сируж. Болидот е во совршена состојба и беше возена од страна на Мик Шумахер и Карун Чандхок на Силверстон за проотивни активности.

Аукциската куќа Bonhams очекува продажба за сума од 1,4 до 2 милиони евра на настанот кој ќе се случи на 2 Февруари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ