- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Преговорите помеѓу Хамилтон и Мерцедес во напредна фаза

Според некои извори, преговорите помеѓу Луис Хамилтон и Мерцедес околу новиот договор за седумкратниот шампион напредуваат и тие се пред крај. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

На два месеци од стартот на новата сезона, Хамилтон сеуште нема потпишано договор и технички се води како слободен возач. Но, според гласните кои кружат во падокот околу договорот, Мерцедес не сакаат да му дадат поголема плата на Хамилтон и тој сака дел од наградата на тимот на крајот на сезоната како компензација.

Но, неименувани извори од тимот овие гласини ги нарекоа чиста измислиза и невистинита глупост. 

Двете страни водат разговори во последните неколку недели и тие напредуваат, а во скоро време би се очекувало потпишување на договорот.

Мерцедес се сигурни дека Хамилтон сака да го продолжи договорот со победничкиот тим, Но должината на договорот е знак прашалник бидејќи според гласини на британецот му е понудено едногодишен договор – стои во пишувањето на Асоцијација на новинари.

Хамилтон сака долгогодишен договор со кој би си го осигурал местото и по 2022 година, но Џорџ Расел чека место во тимот и затоа Мерцедес му нуди само едногодишно продолжување на соработката. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно