Приходот на одделот за мотори на Мерцедес намален за 40 милиони фунти

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Според финансиските извештаи на Мерцедес АМГ ХПП, одделот за мотори на “сребрените лоциран во Бриксворт, приходот на компанијата драстично се намалил. 

Делот на Мерцедес за производство на мотори, ХПП ја заврши годината со приход од 195.4 милиони фунти што е за 42.4 милиони фути помалку од 2019 година. Според гласноговрникот на Мерцедес, речиси 70 проценти од приходот е поврзан со Формула 1. 

Приходот вклучува дизајн, развој и производство за Даимлер АГ кој работи на Формула 1, технологијата за Проект 1 хипер автомобилот и подготовките за седмата Формула Е сезона. 

Директорите сакаат квалитет, техничка перфекција, брзина која е комбинирана со контрола на трошоците за да се реализцира стратегијата и целите на компанијата.

Пеформансите се мерливи во текот на годината. Компанијата имаше уште една успешна година во Формула 1 каде ја освои седмата последователна титула. Моторот постигна 14 победи, 15 пол позиции и шест еден-два победи. 

Во 2020 година, Мерцедес снабдуваше три екипи на гридот, додека годинава тие ќе го снабдуваат и својот четврт тим Мекларен. Бројот на вработен во компанијата пораснал за 16 од 742 на 758, а тоа е 85 проценти од Формула 1 персоналот. 

Компанијата го разгледува ударот на пандемијата и превзема се што е потребно да се заштити персоналот според владините препораки. Во овој момент, Проект 1 нема некакви пречки и има минимален удар на Формула 1 и Формула Е календарот што значи дека ќе се исполнат финансиските обврски. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема