Прост смета дека новите правила се голем напредок

Четирикратниот Формула 1 првак и сегашен Советник на Рено, французинот Алан Прост, изјави дека новите правила за од 2021 година се голем напредок за тркачката серија.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Се поактуелни се шпекулациит едека францускиот производител ќе го преиспита учеството во тркачката серија, но за L’Equipe Прост даде многу позитивна изјава за иднината.

отстранување на голем дел од таканаречениот нечист воздух е многу голем чекор за во иднина. ограничувањето на трошењето и редистрибуцијата на профитот исто така се многу позитивни дури и покрај тоа што тежината на болидите не може да се промени. моторот е хибридтен, тракалата се големи, има хало систем и сето тоа додава тежина – објасни прост.

Легендарниот возач е најмногу загрижен за тркачкиот календар кој американците од Либерти Медиа сакаат да биде составен од 25 настани.

работата на возачите нема да се промени затоа што ионака тие тестираат многу често во фабриките. но, под голем притисок ќе бидат механичарите и останатите во екипата затоа што толку трки се тешки за одработување.

вистина е дека ќе има повеќе приходи, но не мора да значи дека ќе се привлечат повеќе луѓе, особено млади. исто така зголемен број на трки може да многу скапо.

НАЈНОВО

По 10 извозени кругови, Саинз би се вратил во нормала

Карлос Саинз изјави дека не му се потребни повеќе од 10 кругови за да се врати во нормала при рестартот на Формула...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...