Професорот смета дека неговата Ф1 кариера е потценета

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Францусинот Алан Прост, жива Формула 1 легенда, смета дека неговата Формула 1 кариера е дефинитивно потценета.

Четирикратниот првак има 51 победа на трка зад себе и несомнено е статистички еден од најголемите великани на спортот, но смета дека кога се зборува за легендите, неговото име многу често е заборавено.

веќе 40 години ме прашуваат кој е најдобар возач и јас никогаш не сум кажал затоа што се прашувам колку јас би бил добар возејќи го болидот на хуан мануел фанџо на пример. тој беше најдобар во својата генерација, а јас бев со аиртон сена, потоа беа михаел шумахер и луис хамилтон денеска. не може да се порекне дека јас сум потценет.

Неговата теорија е дека тој не внимавал кој ќе биде негов колега, но и никогаш не бил маркетибилен како некои од ѕвездите на спопртот. Ривалството на Прост и Сена во Мекалрен ќе остане запишано во историјата како најинтензивната тимска борба во спортот на сите времиња.

често се прашувам како тоа јас сум возач кој има повеќе шампионски титули и секогаш сум сакал да останам со исти колега колку што може повеќе, често поддржуваји го.

така беше со аиртон сена. за малку што не побарав мекларен да го потпишат. никогаш нема преференцијален договор за прв возач, можеби тоа беше против мене. на крајот бев нормален возач, а тоа не се продава многу добро.

секогаш си велам една работа, доашам од сент шампонд, мало градче во лор, моите родители нема пари, се правев сам, немав менаџер, договорите си ги правев сам. бев мал со голем нос и биткана коса и станав четири пати првак победувајќи на 51 трка.

понекога победував на трки со болиди кои немаат капацитет за победа и никој не би победил со нив. понекогаш завршував на 3то или 4то место и имав феноменални трки, но никој тоа не го гледаше.

можев да освојам седум титули, но понекогаш немав среќа. имаше и екипи кои мамеа, а системот на бодување се промени. но, јас за ништо не жалам затоа што уште една титула немаше да направи никаква разлика за мене.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема