- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS Технички преглед: Што точно ќе промени Ферари на својот мотор

Ферари се многу свесни дека мораат силно да го подобрат својот мотор ако сакаат да се вратат на чело на Формула 1 поредокот оваа тркачка сезона, но и во иднина.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

2020 година беше многу лоша за Скудерија, имаа болид со голем отпор кој поради истото беше бавен, а како тоа да не беше доволно, имаа и многу слаб мотор, послаб од оној во 2019 година и најслаб на ланскиот грид. Дефицитот во моќ произлезе од техничките директиви објавени од страна на ФИА кои имаа за цел да ги спречат производителите со “трикови“ да ги заобиколуваат правилата.

Дека Маранело има неконкурентен мотор беше јасно уште од почетокот на 2020 година, а надежта агрегатот да се подобри паднаа во вода откако сите се согласија моторите да се замрзнат годинава за да се намали трошењето во екот на пандемијата која ја уништи економијата. Тоа значи дека Скудерија беа помирени со лоша сезона уште пред истата да започне, но имаат шанса да се поправат зимава и да произведат подобар мотор.

Моторот на екипата за 2021 година е во напредна фаза и редовно се шпекулира дека има интересен развој и новини кои италијанците сметаат дека ќе им дадат на моќ и перформанси. Во Маранело не се прави револуција туку се прават темелни промени во сите аспекти на термалното внатрешно согорување како и на електричниот дел што сметаат дека драстично ќе ја зголеми моќта.

Се верува дека Ферари размислуваат да го променат концептот и истиот да биде сличен со оној на Мерцедес каде турбото и компресорот седат на двете страни од моторот со внатрешно согорување. Таквата проценка ја работи група на чело со Волф Зимерман кој освен тоа има за задача да најде долгорочни креативни решенија заедно со компанијата АВЛ од Грац за турбото која ќе остане дел од агрегатите.

Клучна промена која ја најави и Енрико Гуалтиери, шефот на одделот за мотори во Маранело се новите глави на цилиндрите кои италијанците ги нарекоа “суперфаст“, нешто што првично било наменето да се воведе во 2022 година. Новиот дизајн треба да помогне во поголема атомизација на горивото и поголем притисок во комората за сорогување на истото додека производителите се обидуваат да стигнат до максимално дозволените 500 бари во истата.

Врвовите односно “круните“ на клиповите кои и понатаму ќе се прават од челик, а новина е конструкцијата на подигнувачот на вентилите на брегастата осовина, а медиумите шпекулираат дека во Маранело се разгледува можност за користење и нови легури кои треба да им дадат издржливост која нема да биде уништена од борбата за повеќе перформанси.

Италијанците не се откажуваат ниту од својот вентил за сопирање на отпадните гасови со цел да искористат максимално од аеродинамичкиот ефект кој го прави издувот на гасови од моторот. Се чини дека проблемите со издржливоста и дефектите на кусиот издувен систем се решени со новиот менувач, но делот околу моторот за сметка на тоа е поголем.

Ревидирано е и ладењето, променет е дизајнот на ладилникот кој се користеше лани кој создаваше преголем отпор кај страничните крила и дополнително допринесуваше за губење на правилиниската брзина на СФ1000 болидот.

Новиот мотор е најавено дека има помало турбо отколку неговиот претходник се со цел да се подобри електричното полнење во батериите. Идејата е да се има поефикасен Систем за повраток на енергијата кој ќе произведе околу 160 коњски сили од кинетичкиот дел за да таа моќ се користи подолго во кругот. Овој момент е многу важен за да се надомести заостатокот зад Мерцедес.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно