0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Раиконен ќе им недостасува на Фетел и Алонсо

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

На Кими Раиконен можеби нема да му недостасува Формула 1 наредната година, но на неговите поранешни колеги Себастијан Фетел и Фернандо Алонсо дефинитивно ќе им недостасува неговиот карактер. 

Раиконен ќе се пензионира оваа сезона по 19 сезони во спортот и една титула со Ферари во 2007 година. Фетел возеше со Кими во Скудерија од 2015 до 2018 година и смета дека пријателството било природна работа, но ќе му недостасува финецот на гридот. 

Времето поминува и во еден момент ќе дојде време и за мене и за Ландо и за сите. Дали ќе ми недостасува Кими? Да, Тој е извонреден човек и уживав со него кога ми беше колега.

да бидам искрен, тогаш го запознав и тој е еден од возачите кои никогаш не се променија и секогаш е отворен и ми посака добредојде кога дојдов во Формула 1. Имам голема почит и мислам дека сум немал проблеми со него. Доколку имаш проблем со него, тогаш проблемот си ти.

Тој е одлична личност и сигурен сум дека ќе останеме во контакт. Му посакувам се најдобро и ќе ми недостасува тишината. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Алонсо беше колега со Раиконен во Ферари во 2014 година и изјави дека многу го цени. 

Мислам дека Кими ќе недостасува во Формула 1. Многу го почитувам и мислам дека го сака спортот по толку години во него. Мислам дека е многу искрен и тоа е дел од Кими.

Без маските тој е ладен и е одлична личност. Се среќаваме по аеродроми, ресторани и други места надвор од падокот каде тој е различна личност. Како што кажав, тој беше одличен во Формула 1 и ќе ни недостасува неговиот карактер кој беше различен. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Хакинен го пофали извонредниот Алонсо

Фернанд Алонсо ја започна својата Формула 1 кариера истата година кога Мика Хакинен се пензионираше, но финецот...

Окон сака Алонсо да остане во Алпин

Естебан Окон потенцираше дека би сакал Алпин да го продолжат договорот на неговиот колега, Фернандо Алонсо.  Тимот на...