Расел далеку позадоволен на Џеда

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Џорџ Расел откри дека е многу позадоволен од својот В14 болид на Џеда споредено со перформансите на истиот на отворањето на сезоната во Бахреин.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

“Сребрените стрели“ ја минаа зимата надевајќи се дека го намалиле заостатокот и се поблиску до Ред Бул, но по првите сесии на Шакир сфатија дека се всушност 4та екипа на гридот и дека освен Ферари, пред нив се и нивните муштерии од Астон Мартин. Џорџ ги заврши квалификациите со 4то најбрзо време и шест десетинки заостаток зад пол позицијата на Перез, така што е оптимист поради подобрените перформанси на болидот откако експериментираше со сетирањето во петок.

како возач правам се што можам за да му помогнам на тимот да притиснеме напред со раз војот и работам повеќе од било кога во симулаторот пробувајќи некои работи. кога доаѓате на патеката како екипа и испорачувате повеќе одошто сте очекувале, тоа е големо задоволство за сите.

еден мал дел од мозотокот е фрустриран што не се борите за пол позиции и победи, но како возач секогаш сте фокусирани на максимални перформанси, а ја сум задоволен со денешниот ден. имаме многу алати, го имаме симулаторот во базата, имаме одлична група на луѓе и со напорна работа во текот на ноќта мислам дека ќе бидеме доста подобри на трката – смета џорџ.

Тимскиот шеф Тото Волф, веќе се посомнева во развојниот пат кој го одбрале, така што веројатно во иднина тимот ќе ја промени насоката и нема да го следи ланскиот концепт кој се покажа проблематичан.

мислам дека за четири трки ќе стигнат новини со кои ќе направиме разлика. веќе правиме добар чекор напред и мислам дека само покажавме дека во текот на зимата сме одбрале погрешна насока.

фактот што веќе успеавме за една недела да најдеме повеќе перформанси одошто за цел месец во текот на зимата е ветувачки, но сме биле во оваа позиција и претходно, не е лесно и мораме да се осигураме дека ќе провериме буквално се.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ф1 промоции 2023

популарни вести

НАЈНОВИ ВЕСТИ