0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Расел искрено: Претешко е да се вози овој болид

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Џорџ Расел вели дека неговиот Мерцедес W13 е претежок за возење бидејќи потскокнувањето продолжува да го фрустрира тимот од Бракли.

Расел и неговиот тимски колега Луис Хамилтон завршија на 5то и 6то место во Мајами минатиот викенд, иако беа далеку од темпото на Ред Бул и Ферари напред. Тие изгледаа многу поконкурентни на петочните тренинзи, но таа форма избледе како што одминуваше викендот. Сепак, Расел останува убеден дека перформансите се во болидот.

Да, таму се, само треба да се обидеме да ги отклучиме. Мислам дека сè уште не разбираме зошто е толку непредвидлив.

Тото Волф многу го исфрла зборот дива, но мислам дека тоа е малку потценување, бидејќи е толку непредвидливо.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Расел призна дека тимот бил збунет поради тоа како нивната форма oпаднала по силниот старт во петокот во Мајами.

Постојано знаеме дека таму има брз тркачки болид. Очигледно Луис заврши подобра работа од мене во саботата, се квалификуваше на шесто место, но дури и горивото и моќта беа поправени, неговите најбрзи кругови беа во петокот, додека секој друг возач се подобри за една секунда.

Моето темпо на трка беше две десетинки побавно од Леклер во петокот, а во Недела се врати на половина секунда до секунда, така што не знам.

Би сакал да ви одговорам i да бидам искрен. Ги имаме најпаметните инженери во бизнисот кои работат дење и ноќе за да се обидат да го разберат тоа, а сè уште немаме јасен одговор зошто.

Значи, треба да продолжиме да анализираме и мислам дека овој викенд може да испадне како еден од најважните викенди кога ќе погледнеме наназад.

Расел призна дека моментално 5то и 6то место е оптимален резултат за Мерцедес, со оглед на формата на двата врвни тима.

Мислам дека 5то и 6то е местото каде што заслужуваме да бидеме. Очигледно, веројатно сме имале слаби перформанси на некои други трки, особено во Сабота, што ја отежнува нашата Недела. Сигурно и овој викенд покажавме најмногу ветувања, но уште сме далеку.

Мислам, таму има брз болид. Треба само да ги погледнеме податоците од Петок и да ги споредиме со податоците и да ги разгледаме разликите. Но, чудно е, овој спорт понекогаш е смешен, а овие нови болиди се секако предизвикувачки.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Мекларен го купи Формула Е тимот на Мерцедес

Мекларен потврдија дека од следната Формуа Е сезона ќе станат дел од електричната тркачка серија откако договориле...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Клетвата „Монако“ на Леклер продолжува

Лидерот во генералниот пласман, Шарл Леклер, го искрши стариот болид на Ники Лауда за време на демо...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Ралф: Расел е друга класа спордено со Ботас

Ралф Шумахер смета дкеа младиот Џорџ Расел е друга класа споредено со неговиот претходник, Валтери Ботас. Актуелните конструкторски...

Мекларен го купи Формула Е тимот на Мерцедес

Мекларен потврдија дека од следната Формуа Е сезона ќе станат дел од електричната тркачка серија откако договориле...