Расел: Сите во Вилијамс се фрустрирани од лошата форма

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Џорџ Расел откри дека сите во неговиот тим, Вилијамс, се фрустрирани и незадоволни од скорешната лоша форма на тимот откако имаа силен средишен дел од првенството.

Последните бодови на Расел беа во Сочи каде освои поен за 10то место, а потоа следуваа пласмани на 15то, 14то, 16то 13то и 17то место, а се мачи и со брзината на квалификациите откако претходно редовно се пробиваше во К2. И покрај слабата форма на тимот, Вилијамс само теоретски може да го азгубат своето моментално 8мо место кај конструкторите.

сите во тимот се по малку разочарани во моментов. мораме да анализираме и да видиме што се промени. имаме неколку индиции, вообичаено имаме тешки трки во недела, но добри квалификации и така компензираме. знаете, полесно е да се задржи позицијата одошто да се напаѓа и превзема со оглед на ритамот кој го имаме.

од не знам која причина, загубивме брзина во сабота, така што мораме да видиме што се случи и да направивме се што можеме за да си го задржиме мометналното 8мо место кај констукторите – објасни младиот британец.

Катарското Гранд При за Расел беше уништено од дупната предна лева гума која му донесе дполнителен влез во боксот по промена.

импресивно е колку силно може да се притиска на лосаил, навистина има одличен тек и тоа им дозволува ана возачите да одат “до даска“. од целото мое формула 1 искуство, катар беше патека каде имавме мајдобро темпо, навистина моќно притискавме, а тоа носеше возење за уживање, но за нас на крајот не беше продуктивно.

беше чудно затоа што со задните гуми можеме слободно да се вратиме во британија со возење, се трошеше буквано само предната лева гума.

По квалификациите возачот веќе најави дека тимот се мачел со оптимизација на работата на гумите на патеката.

лимитот беше оптимизрање на гумите. ако ги погледнете тренинг сесиите, се подобрувавме секој круг дури и на т3 на средина од денот кога сонцето беше силно, се подобривме во нашиот трет круг, нешто што не се лсучува на жешките трки на средниот исток.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема