0 ден

Нема производи во кошничката.

Расел смета дека му оставил на Мик доволно место

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Џорџ Расел смета дека му оставил доволно простор на Мик Шумахер за да биде избегнат судар за време на Сингапурското Гранд При.

Во 40от круг од трката, младиот возач на Мерцедес проба да го мине германецот од внатрешната страна на првата кривина, но имаа контакт со гуми и тој го извлече подебелиот крај. Промената на гуми му го уништи пласманот и надежта за поени и заврши на 15то место.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Стјуардите не казниија никој по инцидентот, а Џорџ посочи дека вината не била негова.

имав дуел со мик и искрено не знам што се случи. мислам декам у оставив доволно простор, а без тој судар мислам дека ќе завршевме во поени затоа што болидот беше многу брз – посочи возачот на мерцедес.

Џорџ беше првиот возач кој промени на мазни гуми додека суеште немаше услови за тоа и сите останати беа на интермедиа. Како што одминуваа круговите, тој стануваше се побрз и надоместуваше позиции по лошите квалификации кои ги заврши во средниот сегмент во Сабота.

поставивме најбрз круг на крајот од трката со речиси две секунди предност така што морам да бидам задоволен што проблемите од петок и сабота ги немав, вербата ми се врати и ако немав толку лоши квалификации, ќе имав добра трка. штета затоа што имавме болид кој можеше да победи викендов.

Тој и Мик Шумахер имаа неколку дуели на патеката во текот на трката, а германецот од Хаас многу умешно се бранеше. Расел го окарактеризира тоа како да Мик се трка за својот живот.

контактот со џорџ ни ја уништи трката со дупнатата гума, непланираната промена и сето тоа. како и да е, завршивме на 13то место и мислам дека можеме да бидеме среќни за тоа што го направивме. имавме ритам и брзина за поени, но немавме среќа.

се допрев со џорџ еднаш додека се боревме, знаев дека е побрз, така што морав жестоко да се бранам, но мислам дека ризикувавме и двајцата. го разбирам, сакаше да напредува, но од друга страна и ние бркавме поени и си возевме сопствена трка.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Тимот на Хамилтон стана Екстрим Е шампион

Екстрим Е тимот на Луис Хамилтон, Х44, стана шампион во електричната тркачка серија, победувајќи ја екипата на...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Стаинер: Ралф сакаше јавно да се кара

Гунтер Стаинер конечно врати на јавниет прозивања од страна на Ралф Шумахер, чичкото на Мик, кој редовно...

Расел објасни зошто не е лесно да си колега со Хамилтон

Џорџ Расел го победи седумкратниот првак Луис Хамилтон во првата заедничка сезона, но признава дека тркање крај...