0,00 ден

No products in the cart.

Ред Бул нема да се двоумат доколку е потребно нов менувач за Макс

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Од Ред Бул потврдија дека нема да се двоумат околу евентуална потреба за промена на менувачот на Макс Верстапен како последица од штетата која тој ја направи на својот РБ16Б болид на последниот круг од денешните квалификации.

Холанѓанецот беше на извонреден круг и изгледаше многу блиску до пол позиција за први два најбрзи сектори и предност од 25 стотинки во пресрет на последната трегина од кругот. Но, доцна закочи за последната кривина “шнола“, се закочи предното лево тркало, тој сакаше да остане во идеалната линија, но му избега задниот дел и странично удри во оградата. Таквиот страничен вид насудар во ограда многу често резултира со потреба да се промени менувач.

Во Ред Бул сеуште ја немаат испитано штетаа која Верстапен ја направи, но најавија дека доколку постои и најмал ризик и најмало оштетување на менувачот, веднаш ќе го променат иако тоа ќе значи казна од пет позиции затоа што менувачот го вградија во пресрет на оваа трка.

шарл леклер во монако имаше сличен судар, тие решија да не го менуваат менувачот и на кругот за загревање последиците од тоа веќе беа јасни.

навистина сме многу брзи овдека што не би ризикувале. ако менувачот е оштетен или пак има било каква информација која вели дека може да откаже, без двоумење ќе го промениме. знам дека не е лесно да се претекне овдека, но како и да е ќе го промениме – најави доктор хелмут марко од ред бул.

Секако дека во тимот се фрустрирани од грешката на возачот затоа што беше на извонреден круг што ќе значеше пол позиција, но Марко не обвинува никого и не го криви Верстапне затоа што е свесен за неговиот напаѓачкистил на возење.

во тој момент беше околу 4 десетинки побрз од хамилтон, што во формула 1 е вечност. видовме дека кога кочеше се блокираше предното лево тркало и како резултат на тоа загуби грип и се излизга, тоа се случи.

можевме да му кажеме дека има голема предност и не мора да ризикува толку, но тоа не е макс и тоа не сме ние. кога некој е на таков луд круг, нема запирање.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема