0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Ред Бул открија дека Чеко бил многу блиску до откажување во Мајами

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Од Ред Бул открија дека Серхио Перез бил мнгу блиску до повлекување од Гранд При трката во Мајами како резултат на проблем со сензор во негоивот мотор кој го забавил болидот.

Мексиканецот беше блиску зад второто Ферари возено од Карлос Саинз на почетокот од трката, но кога се очекуваше да нападне и да се обиде да го претекне, се јавија проблемите и загуби моќ од моторот. Кристијан Хорнер откри дека проблем бил сензор кој бил расипан и поттикнал автоматси исклучување на некои системи од моторот, така што тој морал да ги репрограмира работите додека вози за да може да ја заврши трката.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Кон крајот на трката со нови медиум гуми, тој успеа да го предизвика Ферари за подиум, но Саинз се одбрани. По трката, Кристијан Хорнер призна дека проблемот со сензорот можел да повлече откажувањ ена Перез од трката.

бевме многу блиску да не завршиме трка со него, моравме да ги поместуваме сензорите за да го решиме проблемот. ќе го анализираме проблемот со одделот за мотори на хонда за да се обидеме да го разбереме и да се осигураме дека никогаш повеќе нема да се повтори – посочи хорнер.

Тимскиот шеф откри и дека проблемот бил во сензорот на моторот со внатрешно согорување и го чинело Перез доста време по круг, а најмногу неговата максимална брзина, така што не можел да претекнува на крајот од правците кога тоа вообичаено се прави.

спорниот сензор се наоѓа во цилиндрите, а момците успеја да го поместат, но загубивме околу 30-тина коњски сили. дури и со предноста која ја имавме од гумите, веројатно губевме половина секуда на правците. да немавме проблем, веројатно серхио ќе беше 2ри.

Проблемот со кој се соочи Чеко беше последен во низата проблеми кои го погодија болидот на Ред Бул годинава, но Хорнер не е претрано загрижен.

не мислам дека болидот е кршлив, мислам дека има работи на кои треба вообичаено да се поработи затоа што на тестот ја видовме само основата. сепак, фрустрирани сме од проблемите и работиме со хонда кои ни даваат огромна поддршка.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Мекларен го купи Формула Е тимот на Мерцедес

Мекларен потврдија дека од следната Формуа Е сезона ќе станат дел од електричната тркачка серија откако договориле...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Клетвата „Монако“ на Леклер продолжува

Лидерот во генералниот пласман, Шарл Леклер, го искрши стариот болид на Ники Лауда за време на демо...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Мајами стана најгледана трка во живо во историјата на САД

Големата награда на Маја привлече најголема публика во живо во историјата на Формула 1 во Соединетите Американски...

Мерцедес открија каде напреднале во Мајами

Мерцедес имаа фрустрирачки викенд во Мајами, а добрите перформанси во Петок едноставно ги снема во остатокот од...