0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Ред Бул ќе гради нов воздушен тунел

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ред Бул планираат да изградат нов воздушен тунел во својата фабрика во Милтон Кинс, веројатно до 2024 година.

во моментов сме во фаза на одобрување – потврди советникот за моторспорт на компанијата, доктор хелмут марко.

Се предвидува дека инвестицијата во истиот ќе биде помеѓу 50 и 75 милиони евра, значителен износ со оглед на ограниченото трошење кое е воведено од минатата сезона.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Главниот дизајнер и инженер на тимот, Адриан Њуи, бил против таквата инвестиција со оглед на се поголемите ограничувања во однос на дозволеното време кое може да се користи во воздушен тунел и да се тестира на тој начин.

Германски Auto Motor und Sport посочува дека тимот почувствуал дека мора да направи инвестиција во нов тунел откако Ферари го направиле истото лани, а сопствен тунел се прави и во Силверстон кај Астон Мартин и во нивната нова фабрика. Истото го планира и Мекларен кај нив во Вокинг.

ни треба многу време за да стигнеме до посакуваната брзина на ветерот во воздушниот тунел и тоа ни одзема значително време кога буквално го губиме и не го користиме како што треба.

јас би насочил се кон компјутерите и развојот на тој начин. за жал, сеуште немам доволна поддршка за тоа иако сметам дека ќе биде поодржливо.

Како една од целите на Формула 1 за во идниан е да се намали тестирањето во воздушен тунел за да се намалат трошоците, а целосна забрана се очекува до 2030 година.

Согласно регулативата која е на сила, најсилните екипи добиваа помалку време за работа во воздушниот тунел, а оние од опашката на поредокот имаат повеќе време на располагање и се со цел да се изедначи поредокот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Хамилтон инвестирал во бизнис со зеленчук и овошје

Седумкратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон, учествувал во финансирањето на бизнисот со зеленчук и овошје Запп.  Откако се...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Гасли благодарен на советите од Себ

Пјер Гасли откаи каква помош и совет добил од Себастијан Фетел на почетокот од својата Формула 1...