- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ред Бул ќе продолжат со протести против Ферари

Доктор Хелмут Марко, Советникот за моторспорт во Ред Бул, смета дека казната од 50 илјади евра доделена на Ферари поради прекршување на одредена директива во врска со горивото е шега и најави дополнителни протести против најславниот тим во тркачката серија.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Шарл Леклер беше под истрага по крајот од трката во Абу Даби откако Ферари пријавиле едно ниво на гориво во неговиот болид, а имало речиси 5 килограми повеќе што техничкиот персонал на ФИА го утврдил при мерењето.

Кристијан Хорнер по трката изјави оти сметал дека Ферарито на Леклер ќе биде дисквалификувано, но “црвените“ се извлекоа само со парична казна.

правилата се јасни, а млаката и лабава казна за таков прекршок беше шега. се работи за фер и усогласеност со правилата како и еднаков третман на сите екипи.

моторот на ферари беше под истрага поради неколку работи кои се веројатно над некоја “сива област“, но ништо не беше направено за тоа да се корегира – обвинува марко.

Во продолжение, доктор Марко најави дека во иднина од Милтон Кинс нема да се двоумат при поднесување повеќе жалби и поплаки доколку сметаат дека некој мами.

ако се сомневаме дека постојат неправилности, дефинитивно без двоумење ќе протестираме, а потоа ферари ќе мора се да откри пред фиа согласно правилата – предупреди австриецот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Ботас: Не смеам да си дозволам трки без поени

Финецот Валтери Ботас призна дека не смее да си дозволи уште трки без поени, како онаа на Силверстон, во неговата борба за...

РЕЗУЛТАТИ

В. Британија: Хамилтон се довлечка до победа во драматична завршница

Луис Хамилтон стигна до својата трета последователна победа од сезоната и седма на Британското Гранд При поминувајќи ја финиш линијата на 3 тркала во...

популарно

В. Британија: Хамилтон се довлечка до победа во драматична завршница

Луис Хамилтон стигна до својата трета последователна победа од сезоната и седма на Британското Гранд При поминувајќи ја финиш линијата на 3 тркала во...