- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Рекорди кои може “да паднат“ годинава

Луис Хамилтон влегува во оваа тркачка сезона со цел да сруши неколку рекорди кои му се на дофат, но тој не е единствениот кој може да влезе во историјата оваа скусена и забрзана тркачка сезона.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Шампионски титули

Доколку Хамилтон успее да освои седма шампионска титула, тогаш ќе го изедначи рекордот на Михаел Шумахер, рекорд кој малкумина веруваа дека некогаш ќе биде достигнат. Многумина веќе веруваат дека британецот е најдобар на сите времиња, но најмногу освоени титули не значи баш тоа, но секако дека го потврдува неговиот статус.

Најмлад шампион

Доколку Хамилтон самиот не стигне до 7та титула, тогаш веројатно оној кој ќе го победи ќе постави рекорд. Макс Верстапен и Шарл Леклер многумина сметаат дека се најдобри возачи на гридот по Хамилтон и двајцата се многу млади и доколку освојат наслов, ќе бидат најмлади шампиони во историјата на спортот.

Себастијан Фетел со својата титула од 2010 година во моментов го држи рекордот на најмлад првак со 23 години и 134 денови, додека Верстапен и Леклер во моментов имаат по 22 години.

Најмногу победи на трка

Луис е на само седум победи од рекордните 91 на Црвениот Барон. Доколку сезонава има полн календар од 21 трка, речиси сигурно беше дека тој ќе го собори рекордот на Михаел, но со скусена сезона, можно е д аму треба останување во спортот и догодина за да то собори овој рекорд.

Пласмани на подиум

Уште еден рекорд на Шумахер кој Хамилтон може да го собори се бројот на пласмани на подиум на крајот на трката. Во своите 308 стартови на трки, германецот има дури 155 подиуми, додека Хамилтон во моментов од 250 започнати трки се има дури 151 пат искачено на подиум. Луис го вози најдоминантниот болид на гридот, така што тешко дека ќе има проблеми да го подобри рекордот на Шуми уште оваа година затоа што му недостастуваат уште четири топ 3 пласмани.

Водство во секој круг од трка

Аиртон Сена е рекордерот во оваа категорија затоа што бразилецот водеше во секој круг од трката во 19 наврати од своите 41 победа колку што ги има во Формула 1 тркачката кариера. Хамилтон исто така има 19 вакви постигнувања, а дури 5 пати водеше во секој круг од трка во која победи лани.

Најмногу стартови на трка

Рубенс Баричело има најмногу започнати Гранд При трки во својата кариера, вкупно 322, но Кими Раиконен има можност да го подобри тој негов рекорд. Финецот беше надвор од гридот две сезони откако го напушти Ферари во 2009 година, а во моментов е најискусен возач на гридот, со 312 стартови на трка.

Најмногу трки во поени

Кими и Луис имаат шанса да стигнат до овој рекорд со завршени трки во поени. Михаел Шумахер е човекот чија сопственост е овој рекорд, а на Хамилтон и Раиконен им требаат по осум топ 10 пласмани за да го стигнат. Луис сигурно е дека ќе го стори тоа, а Раиконен ќе треба малку да се помачи.

Последователни конструкторски титули

Не се возачите единствени кои може да испишат историја сезонава затоа што Мерцедес се на дофат на еден одличен рекорд. “Сребрените стрели“ освојуваат наслови шест пати по ред, исто како и Скудерија Ферари од 1999 година до 2004 година. Италијанците повеќе од било кога ќе бидат решени да ги спречат конкурентите да го подобрат нивниот рекорд, така што Матиа Биното е под притисок.

Најмногу 1-2 стартови

Мерцедес може да го престигне Ферари по бројот на 1-2 стартови на трка. Скудерија таков успех имала 65 пати до сега, а Мерцедес 64 пати. Ако “сребрените“ доминираат сезонава како последните шест години, тогаш нема да имаат проблем да го стигнат рекордот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Ботас: Не смеам да си дозволам трки без поени

Финецот Валтери Ботас призна дека не смее да си дозволи уште трки без поени, како онаа на Силверстон, во неговата борба за...

РЕЗУЛТАТИ

В. Британија: Хамилтон се довлечка до победа во драматична завршница

Луис Хамилтон стигна до својата трета последователна победа од сезоната и седма на Британското Гранд При поминувајќи ја финиш линијата на 3 тркала во...

популарно

В. Британија: Хамилтон се довлечка до победа во драматична завршница

Луис Хамилтон стигна до својата трета последователна победа од сезоната и седма на Британското Гранд При поминувајќи ја финиш линијата на 3 тркала во...