Рено и Мерцедес имаат договор кои тајни Окон може да ги сподели

Естебан Окон вели дека неговиот нов работодавач Рено и поранешната екипа Мерцедес постигнале договор околу тоа кои тајни тој смее да ги сподели во новата околина.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Окон, кој не се тркаше во 2019 година, но имаше интензивна програма како резервен возач на Мерцедес, се приклучи на Рено на двегодишен договор и ќе вози покрај Даниел Рикардо. Тој сеуште останува под менаџментот на Мерцедес, а Тото Волф од скоро го опиша како “роднина на семејството Мерцедес“.

Окон вели дека има познавање со кое се здобил во Мерцедес, но ќе го сподели ограничено, знаејќи дека за возачите не важи правилото на задолжително отсуство при промена на екипа.

Заминав од таму посилен одколку што бев, со поголемо познавање на техничките работи, но исто така и со познавање на други аспекти на организацијата, начинот на кој работат во различни услови, начинот на кој се однесуваат во одредена ситуација. Тоа беше поинаку и од кога возев, знаете? Дефинитивно ми помогна.

Секако, оваа година се обидов до одреден степен да споделам, морав да бидам професионалец, да не ги откривам сите тајни, бидејќи инженерите, сите тие мора да отсуствуваат една година пред да преминат во друга екипа, а за возачите тоа не важи.

Досега е добро, бев мошне инволвиран во развојот на болидот за оваа година. Сега не очекува возбудлив период. Момците од фабриката велат дека е најголем чекор напред во последните три до четири години.

НАЈНОВО

ФИА ја продолжи задолжителната пауза

Меѓународната автомобилистичка федерација ја продолжи задолжителната пауза во која фабриките на екипите мораат да останат “под клуч“ поради пандемијата со Ковид-19. Откако беа откажани првите...

популарно

Мерцедес ги поставија условите за нивното учество во Ф1

Шефот на Дајмлер, Ола Калениус, ги постави условите и правилата под кои Мерцедес би продолжиле во Формула 1. Иако никој не очекува шесткратните шампиони да...