Рено му најдоа место на Абитебул, стана советник во Мекахром

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Сирил Абитебул има ново работно место, стана советник во Мекахром, дел од Рено каде се склопуваат Формула 1 моторите со кои се трка Алпин.

Француинот првично работеше во Рено Спорт, а од 2012 година стана шеф на Катерхам во Формула 1 за по две години да стане оперативен шеф во Формула 1 проектот на Рено, а од 2016 година и шеф на фабриката екипа.

Абитебул требаше да остане на позицијата, дури и да напредува во тимот, но откако екипата се ребрендираше во Алпин од почетокот на оваа сезона, на изненадување на многумина, замина од тимот. Главниот извршен директор на Рено, италијанецот Лука де Мео, објасни дека ситуацијата со Сирил била сложена, а за главни во Формула 1 тимот ги постави Марцин Будкосвски и Давиде Бривио.

Мекахром е француска компанија за инженеринг на мотори најпозната по склопување на моторите со кои Рено се трка во Формула 1 долги години, а Абитебул ќе стане советник во таа компанија. Алпин е единствен тим кој користи мотори на Рено, така ќе осане и во догледно време, а Сирил ќе дава среднорочни совети до компанијата за моторспортот.

горди сме што сирил ќе ни овозможи поддршка и искуство во тимот и групните активности. од 1983 година ние поддржуваме престижни брендови во најсилните категории на моторспортот, формула 1, формула 2, формула 3, ендјуранс и рели.

мекахром груп мора да ги разберат трендовите и можностите во моторспорт секторот и да работат во согласност со целите на групацијата која се трансформираше – изјави кристијан корнил, главниот извршен директор на мекахром.

Алпин и Мекахром имаат партнерски договор за Формула 1 за најмалк следните четири години.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема