Рено намалува трошење за 2 милијарди евра, ќе згасне ли Ф1 тимот ?

Францускиот автомобилски производител Рено наскоро ќе објави дека ќе го намали своето трошење за 2 милијарди евра како одговор на намалената побарувачка на авомобили предизвикана од Ковид-19 пандемијата.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Авто мобилскиот сектор е погоден најмногу од карантинот, така што продажбата на автомобили во Европа, која е најголем пазар за Рено, е намалена за 40% во првиот квартал од годината, иако најстрашно беше во Април кога побарувачката се намалила за вртоглави 80%.

На закажаниот состанок на Бордот на Рено се очекува компанијата која е во делумна сопственост на државата Франција да објави огромно намалување на трошењето и затворање на четири фабрики во земјата вклучително и онаа во Дипе, која е неодамна целосно реновирана и го произведува А110 моделот кој требаше да го наследи историскиот Алпајн, но не ги исполни очекувањата. Се очекува од гамата да бидат прекинати многу модели и французите да имаат само основни модели во понудата.

Секако дека намалување на трошењето само по себе го поствува прашањето околу иднината на Формула 1 екипата. Фабричките тимови на Мерцедес и Ферари трошат над 300 милиони евра годишно на Формула 1 програмите, а производството на мотори носи барем уште 200 милиони евра трошоци. Секако дека Рено не е на тоа ниво, но вложувањата секако се огромни, а барем за сега не ги носат посакуваните резултати, а од повратокот во тркачката серија, 4то место на Монца лани им е најдобар резултат.

Французите имаат историја на влезови и излези од Формула 1 како и различно ниво на финансиска поддршка од централата, така што треба да се почека и да се види што точно Бордот ќе реши околу екипата.

Нивната скапа програма за производство на мотори следната година нема да има ниту еден муштерија сем фабричката екипа, така што приходите ќе бидат намалени, но стабилните правила и замрзнувањето на развојот ќе донесат намалено трошење кај сите, па и кај нив.

Позитивно во целатра работа е што оваа и следната година ќе треба да се одработат со пакети кои се веќе подготвени, а целосно новите правила кои ќе бараат и големо вложување, се одложени за 2022 година. Рено се надева дека токму таа голема промена со ограничен буџет ќе ги донесе на врвот во борба за победи. Ограничениот буџет на 145 милиони долари нема да значи заштеда за нив затоа што тие ионака трошат под тоа ниво, но секако ќе ги доближи водечките тимови повеќе до нив во однос на тоа што ќе смеат да го потрошат.

Новиот Конкорд договор кој треба да почне да важи од следната година треба да донесе и многу пофер распределба на приходите од спортот, а целта е сите екипи да стана профитабилни бизниси, а над 1 милијарда да се дели помеѓу екипи помалку или повеќе еднакво и тоа да покрива 65-75% од нивнит буџети.

НАЈНОВО

Стаинер: Иднината на Хаас не зависи од ограничениот буџет

Тимскиот шеф на Хаас, Гунтер Стаинер, вели дека сопственикот на тимот Џин Хаас, ќе одлучи дали да остане или да замине од...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...