Рејсинг Поинт доби дозвола за новата фабрика

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Екипата на Рејсинг Поинт доби дозвола за планирање на нивната ултра модерна фабрика кој ќе се гради на земјиште веднаш до нивната база во Силверстон.

Изградбата ќе започне набргу на објектот од 15,000 метри квадратни, кој е дизајниран под надзор на сопственикот Лоренс Строл. Изградбата се очекува да заврши во Август 2021 година. Новата фабрика ќе вклучува паркинг за 603 автомобили, што е решение за проблемите на тимот во последно време, но ќе има и хелипад за слетување на хеликоптер.

Моменталната зграда која постои од деновите на тимот на Џордан, ќе продолжи да се користи за логистика, паркирање на камиони и складиште.

Навистина сум среќен што ја добивме дозволата за планирање во рокот кој го замисливме. Сега е време да се финализираат некои детали и да се започне со изградба во првиот квартал од наредната година.

Тоа што посакуваме е можноста да се вселиме во лето 2021 година.

Ако растеме како екипа, моменталните објекти не се доволно големи. Ќе го зголемиме тимот за околу 10-20  проценти, а за тоа е потребен простор – изјави тимскиот шеф, Отмар Шафнауер.

ПОВЕЌЕ НА ОВАА ТЕМА ...

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

НАЈНОВИ ВЕСТИ

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ПАДОК КЛУБ

ФОРМУЛА Е

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

МОТО ГП

ТЦР ЕВРОПА

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Ф1 ИНСАЈДЕР

КРУГFLIX