Рејсинг Поинт сакаат да бидат најдобри од останатите годинава

Рејсинг Поинт имаат верба дека може да се вратат на позиција позади големата тројка годинава и да се пласираат како “најдобри од останатите“.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Екипата од Силверстон имаше тешка сезона во 2019 година, најмногу поради претходните финансиски проблеми, но по откупувањето од страна на Лоренс Строл, кој од скоро е инвеститор и во Астон Мартин, екипата се врати и надомести од загубеното. Откако иднината изгледа ветувачки, надежите се големи започнувајќи од првата трка во Мелбурн во Март.

Мислам дека сега сме во нормална ситуација, така што ќе видите болид кој треба да биде каде што припаѓа, како најдобар од останатите. Кон тоа мора да целиме. Нема да биде лесно, бидејќи секој сака да биде во таа позиција: Мекларен, Рено, Торо Росо, ние и Заубер. Сите целат кон тоа, иако некои целат дури и кон врвната тројка, иако има голема разлика – вели Шафнауер.

Рејсинг Поинт имаат долгорочни планови да се преселат во новата фабрика која е во близина на сегашната, но во меѓувреме ќе ја подобрат инфраструктурата.

Нашите ЦФД способности се на ниво на најдобрите. Способностите на воздушниот тунел исто така. Инфраструктурата која е неопходна веќе ја имаме. Исто така додадовме машинерија со која го намалуваме времето потребно за развој на концепти.

Вработивме добри луѓе во одделот за аеродинамика и ЦФД. Сега имаме 465 вработени. Не вработуваме без смисла. Ги вработуваме правилните луѓе. Сите тие работи немаше да бидат возможни претходно поради финансиските проблеми – додаде Шафнауер.

НАЈНОВО

Волф: Можно е дополнително затворање на фабриката

Период на затворените фабрики може да продолжи поради кризата со Корона вирусот во Формула 1, смета тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф. Со цел да...

популарно

Мерцедес ги поставија условите за нивното учество во Ф1

Шефот на Дајмлер, Ола Калениус, ги постави условите и правилата под кои Мерцедес би продолжиле во Формула 1. Иако никој не очекува шесткратните шампиони да...