Рикардо задоволен од трката во Шпанија

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Даниел Рикардо изјави дека се справувал со добри проблеми со неговиот Мекларен во подобрениот тркачки викенд за Големата награда на Шпанија. 

Австралијанецот беше послаб од Ландо Норис на претходните три трки, но овој пат во Шпанија тоа не беше случај. Тешко дојде до шестата позиција и ова е најдобар резултат за него во новиот тим. 

Ова беше подобра трка, со добри проблеми. Стартот беше добар и се најдов пред брзи болиди. Морав да се бранам во поголемиот дел од трката.

Чеко беше долго зад мене и морав да го држам таму, Но сепак не успеав во тоа и тој ме престаса. Лично сум задоволен и имав доста мирен викенд и можеби најдобар откако сум во Мекларен. 

Сега Формула 1 се сели во Монако каде Рикардо сака да експериментира и да види како ќе се однесува неговиот болид. 

Без навреда Барселона, ти си убав град, но сепак многу добро ја знам патеката. Возбуден сум што одам на патека која ја знам могу добро и да ги покажам моите квалитети.

Извлековме доста од болидот, но сепак сеуште се привикнувам кога да сопрам и кога да забрзам. Болидот е тежок за возење, но иако е брз мора да се поправам. Мислам дека мали грешки ме чинат многу и ме исфрла од баланс. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема