- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Рикардо одвај чека на жешка клима во Бахреин

Даниел Рикардо одвај чека на потопли временски услови во Формула 1 откако ќе замине од ладната Европа за топлиот Бахреин.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Глобалната пандемија доведе Формула 1 да биде ограничена на трки во Европа до сега, но последните трки ќе се одржат на Блискиот Исток. На патеката во Бахреин ќе се одржат две трки, а сезоната ќе заврши во Абу Даби на патеката Јас Марина. На повеќето локации во Европа температурите се веќе ниски, а Рикардо поради тоа одвај чека на топлина во Бахреин.

Одвај чекам да се вратиме на топло време во Бахреин. Знам дека бевме на некои фантастични патеки во Европа и иако беше забавно, времето беше премногу ладно за мене. Преферирам потопла клима, а во Бахреин е сеуште топло и навечер, што е одлично.

Две од три тренинг сесии се преку ден, кога е многу топло, а квалификациите и трката се навечер кога е многу поладно. Поради тоа подготовките за трката се предизвик.

Шакир е многу добра патека, секогаш уживам во трките таму, а вечерните сесии се секогаш забавни. Во последните години немав добар резултат таму, но сакам да го исправам тоа викендов. Има одлични места за претекнување, особено во првиот свиок, што е најдобра можност најверојатно –  објасни австралијанецот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно