Рикардо: Победата во Италија покажува дека сме подготвени за следниот чекор

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Возачот на Мекларен, Даниел Рикардо, верува дека неговата победа на Италијанското Гранд При покажува дека тимот од Вокинг е подготвен за следниот чекор, односно враќање во борбата за титула.

Рикардо и Норис стигнаа до 1-2 победа на Националниот автодром во Монца, победа за екипата од Вокинг по пауза од 9 години. Резултатот дојде како резултат на планот за враќање на старата слава на Мекларен откако пред две години се вратија на подиумот по тешкиот период кој го имаа, пред се со Хонда.

она што победата го направи за тимот е многу моќно затоа што екипата веќе некое време беше на тој пат, имавме подиуми, но не успевавме да дојдеме до победа, а резултатот потврдува дека тимот има верба да ја заврши работата.

дури и механичарите имаа најбрзо менување на таа трка, а факт е дека не сме познати по претерано брза промена на гуми, така што тоа беше одработено под голем притисок, а тоа е потребно за да дојдеме до победа и фактот што испорачуваме ме возбудува.

факт е дека монца покажа дека за победа потребно е се да биде како што треба, покажа дека никој во тимот не подлегна на притисокот, а тоа беше клучно за триумф – посочи рикардо.

Австралијанецот е возбуден за целосно новата техничка регулатива која стапува на сила од следната година во која гледа можност за Мекларен да се доближи до врвот во поредокот.

возбудливо е за сите во спортот, а за нас е јасно дека е можност да се вратиме поблиску до оние пред нас. екипата е на неверојатно добра напредувчка траекторија, такви сме цела година и се надеваме дека така ќе продолжиме и под новите променети правила.

мислам дека имаме голема можност пред нас да направиме уште поголем чекор. секоја екипа има иста можност, секоја екипа размислува исто, не само ние, поради тоа сум среќен.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема