Рикардо смета дека пошироките болиди не биле паметна работа

Даниел Рикардо смета дека Формула 1 веројатно погрешил со воведување на пошироки болиди од 2017 година затоа што тоа само го отежнало ионака тешкото претекнување.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Согласно промената на правилата од пред две години, самото тело на болидот стана пошироко, а пошироки беа и гумите со цел да се зголеми потисната сила и грипот. Резултат беа рекордни брзини и кругови од најбрзите болиди во историјата, но следењето и претекнувањето станаа речиси невозможни.

болидите изгледаат големо, секси, широки, убави се и поубави одошто претходните до 2016 година, но самата ширина направи проблем затоа што некои патеки не се предвидени и доволно широки за такви болиди. имаше помалку место за претекнување и се бараше најмалиот дел со чист воздух за да може да се следи конкурентот.

се обидувате поагресивно да минете преку тротоарот на врвот од кривината за да дојдете до чист воздух во предното крило, тешко е да се најде таков воздухот. со толку потисна сила и толку тешко следење навистина тешко е да се претекне.

тоа можеби не беше најпаметна одлука во спортот, не сакам да кажам дека сме научиле од грешките, но мора да напредуваме – смета рикардо.

Следниот значителен напредок во спортот ќе биде во 2021 година кога ќе има целосно нов сет на правила согласно кои треба да се трансформира Грнад При викендот и тркањето како искуство за гледачите. Блиските борби треба да станат чести, но австралијанецот знае дека тоа ќе донесе бескорпулозно бранење на позициите.

НАЈНОВО

По 10 извозени кругови, Саинз би се вратил во нормала

Карлос Саинз изјави дека не му се потребни повеќе од 10 кругови за да се врати во нормала при рестартот на Формула...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...