Роб Смедли: 2019 година беше најдобра сезона за Фетел

Поранешниот инженер за трки во Скудерија Ферари, Роб Смедли, смета дека 2019 година била најдобра сезона за Себастијан Фетел.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Фетел победи на само една трка минатата година и беше надминат во перформанси од својот колега Шарл Леклер, кој стигна до две победи и се пласираше подобро од германецот во првенството.

Но, Смедли смета дека 2019 годоина била сезона во која Фетел се покажал како вистински шампион поради начинот на кој се вратил по тежок почеток.

Заминувањето на Себ ќе биде загуба за Формула 1. Тој е многу добар возач, неверојатен возач. Мислам дека минатата година беше негова најдобра во Формула 1, а знам дека ќе бидам критикуван поради ова.

Тој се соочи со најголемиот предизвик во неговата кариера, а сите го “отпишаа“ бидејќи тоа беше најлесно, додека Шарл беше подобар во однос на Себ. Го забележавме вистинскиот Себастијан кон крајот на сезоната, Себ кој немаше што да загуби. Сигурен сум дека и тој ќе го признае тоа, дека не беше во правилна ситуација на почетокот, но потоа се фокусираше, а тоа е предноста на вистински шампион.

Целиот притисок беше над него, нема сомнеж околу тоа. Тоа е најголемиот притисок кој го имал во кариерата, според мене. Има возено против добри возачи. Доминираше над Кими, а против Марк Вебер во Ред Бул, кој е добар и брз, Фетел успеа да биде подобар.

Не сум сигурен дека имал предизвик како во 2019 година, за да се справи и на крајот да го покаже својот авторитет, лично мислам дека тоа е нешто посебно.

НАЈНОВО

Хонда го истражува проблемот кај Верстапен

Откако не освоија поени во Австрија поради две откажувања, Хонда го бара проблемот што се појавил.  Макс Верстапен имаше одличен старт на домашната...

РЕЗУЛТАТИ

Австрија: Возбуда “на кило“ и безгрешен Ботас

Не беше залудно чекање од 217 денови за почеток на Формула 1 сезоната затоа што Австриското Гранд При донесе луда, неизвесна, возбудлива трка и...

популарно

Ферари објаснија зошто го отпуштиле Фетел

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, инсистира дека Себастијан Фетел бил нивни прв избор за возач за следната година, но појасни дека промената на...