0,00 ден

No products in the cart.

Розберг е среќен што не се трка на Џеда

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Поранешниот Формула 1 шампион, Нико Розберг, е среќен што нема да се трка во Саудиска Арабија бидејќи патеката според него е доста опасна. 

Формула 1 за прв пат гостува на патеката Џеда Корниш каде и покрај многуте предупредувања, имаше само еден инцидент. Возачот на Ферари, Шарл Леклер излета и заврши во бариерите на 22от свиок и тоа под огромна брзина. 

Возев неколку кругови на симулатор и можам да ви кажам дека патеката е луда. Брза е и нема каде да се излета. Има свиоци каде се влегува со цела брзина и веднаш до тебе е ѕидот. Ќе биде лудо.

Мислам дека сум многу среќен што не сум повеќе Формула 1 возач. Многу е ризично и среќен сум што не сум во болидот. Ќе биде возбудливо и се надевам сите ќе бидат безбедни – посака нико.

Гужвата на патеката ќе биде од клучно значење на квалификациите и Розберг ги советува возачите да внимаваат. 

Тоа е главниот предизвик. Проблемот е што сите ќе стартуваат и има многу песок и понекогаш е лизгаво, Но кога ќе се најде ритам не смее да се направи грешка. Ова е огромен предизивк. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема