Розберг предвидува: Ф1 и ФЕ ќе се соединат

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Нико Розберг е познат долгогодишен поддржувач на електричната Формула Е тркачка серија, а верува дека ќе дојде време кога Формула 1 ќе биде приморана да ги здружи силите со својата електрична моторспорт верзија.

Електричната тркачка серија стекнува популарност поради уникатната природа на електромоторите со кои болидите се тркаат, но и поради еднаквиот грид и можноста на сите екипи да победат. Сепак, Формула 1 ентузијастите секогаш преферирале бензински мотори и вревата која доаѓа со нив.

Говорејќи на Светскиот економски форум во Давос, Розберг објасни дека развојот на хибриниот мотор во Формула 1 со тек на време ќе доведе до целосно изоставување на бензинскиот мотор со внатрешно согорување, по што на крајот серијата ќе се спои со Формул Е.

хибридниот мотор е многу поефикасен од моторот со внатрешно согорување, многу повеќе доколку се користат синтетичките горива. електричните автомобили може да станат повќе оправдани благодарение на новата технологија за производство на батерии и како што реков пред две години, двете тркачки серии би се споиле во една.

Шампионот од 2016 година е целосно за електричните автомобили поради помирното искуство кога се вози и управува со нив.

привлечноста е во тишината. ако ги возам децата, мирот е прекрасен, а исто така не сакам д аимам обврска да одам до бензинска пумпа, туку можам автомобилот само да во вклучам на струја навечер кога ќе се вратам дома.

Слично размислува и Алехандро Агаг, основачот и Главниот извршен директор на Формула Е.

ако ги разгледате производителите на автомобили како го модифицираат своето производство кон електричните мотори, ако го погледнете климатскиот договор од Парис, ак оги погледнете правилата на европската унија во врска со испуштањето на цо2 светот се менува и тоа во наша насока.

формула 1 има нешто што е невозможно да се замени, а тоа е историјата затоа што победникот таму е реален наследник на фанџо, шумахер или сена.

јас преферирам, иако не знам дали тоа ќе се случи додека јас сум главен на посртот, но иднината на формула 1 е кон електрификацијата, а формула е и формула 1 се едно.

НАЈНОВО

Аиткен повеќе не е тестер на Рено

Џек Аиткен одлучи да се збогува со Формула 1 тимот на Рено по долгогодишната соработка со фабричката екипа. Тој беше јуниор на французите од...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Бахреин: Ферари се самоуништи и му подари победа на Мерцедес

Со многу среќа, со премногу среќа, Мерцедес стигнаа до нова 1-2 победа, втора за нив годинава на втората трка од календарот, а најзаслужни за...