Рокит му должи 10 милиони фунти на Вилијамс

Откако минатата недела беше објавено дека соработката помеѓу Вилијамс и нивниот главен спонзор, Рокит, прекува веднаш, тимот потврди дека нивните обврски кон спонзорот биле целосно испочитувани, иако никоја страна не ја објави причината за прекинот на соработката.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

За минатата тркачка сезона, Рокит му должи на тимот од Гроув 10 милиоин фунти, но има и одредени плаќања за оваа сезона кои иако истата не е почната, треба да се платат, така што износот е поголем од тоа.

Од Рокит објавија дека сакаат да останат активен спонзор во моторспортот и да ги испочитуваат договорните обврски во женската В тркачка серија како и Формула Е тимот на Вентури, но веста за неплатените обврски може да ги поколеба многу страни да соработуваат со телекомнуникациската компанија.

На половина од минатата сезонам Рокит и Вилијамс одлучија да го продолжат договорот до крајот на 2023 година, но нивниот однос многу брзо се сруши.

НАЈНОВО

Гасли ќе се откажел по само 10 круга

Пјер Гасли изјави дека речиси ќе се откажел од Австриското Гранд При по само 10 круга на Ред Бул Ринг поради проблем...

РЕЗУЛТАТИ

Австрија: Возбуда “на кило“ и безгрешен Ботас

Не беше залудно чекање од 217 денови за почеток на Формула 1 сезоната затоа што Австриското Гранд При донесе луда, неизвесна, возбудлива трка и...

популарно

Ферари објаснија зошто го отпуштиле Фетел

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, инсистира дека Себастијан Фетел бил нивни прв избор за возач за следната година, но појасни дека промената на...