- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Рос Браун: Михаел Шумахер беше неразбран карактер

Рос Браун е свесен дека неговиот поранешен пулен, Михаел Шумахер, бил еден од оние возачи кои Формула 1 фановите ги сакаат или ги мразат, но сето тоа потекнува од фактот што тркачката легенда била “неразбран карактер“.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Црвениот барон кој победи на 91 трка во својата кариера има низа рекорди зад себе и ќе остане впишан во Формула 1 историјата, но колку неговите успеси да се слават, тој имаше и мрачни моменти во кариерата со кои го стави тркањето на ново ниво.

Победа по секоја цена, бегање од последиците беа работи кои беа препознатливи кога германецот и Ферари владееја со Гранд При тркањето во пет години невидена доминација, нешто што во моментов го прави Мерцедес.

Рос Браун беше близок соработник на Шумахер, заедно работеа во Бенетон, а потоа двајцата направија трансфер во Маранело пред истото да се случи и во Мерцедес.

тој беше прилично неразбран карактер. не знам дали во својот ум уживаше во таквиот впечаток којго оставаше затоа што на многу начини тој беше застрашувачки карактери. но, ако го познавате лично, тој беше целосна спротивност, вреден, посветен и тивок. многу пати го запознавав во луѓе кои пред да го сретнат мислеа дека е неподнослив и ужасен карактер, но штом го запознаа целосно им се смени мислењето.

постоеше михаел бескпромисниот тркач на патеката и постоеше михаел одличниот човек надвор од патеката. многу луѓе кои се тркаа против него имаат лошо мислење, но никој кој некогаш работел со него нема кажано лош збор или има лошо мислење.

тој беше многу посветен тимски играч за било која екипа во која бил член, така што е голема трагедија што му се случи на тој прекрасен човек – полн со пофалби е рос браун за шумахер.

Германецот имаше моменти на кои секако дека не е горд како на пример намерното удирање на Дејмон Хил во Аделаид во 1994 година додека се бореа за титула, паркирањето на Раскас во Монако во 2006 година или пак истуркувањето на Рубенс Баричело буквално во ограда на Хунгароринг во 2010 година.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Хорнер: Потисната сила во 2021 треба да биде уште помала

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека ФИА требала уште повеќе да ја намали потисната сила на болидите за 2021...

РЕЗУЛТАТИ

Тоскана: Лу-Ди-Ло на Муџело во кое Хамилтон победи

Доколку Формула 1 шефовите сметаат дека Тосканското Гранд При ќе биде во календарот само оваа година мора да смислат многу добра причина за тоа...

популарно

Вебер предупредува: Леклер може да замине во иднина

Марк Вебер смета дека падокот треба да внимава на Шарл Леклер затоа што со заминувањето на Себастијан Фетел од тимот, младиот возач од Монако...