Роуланд се изморил од политиката во Ф1

Британецот Оливер Роуланд изјави дека е изморен да го “брка“ својот Формула 1 сон поради огромната политика која владее во спортот.

Тој е поранешен тест и резервен возач на Рено и Вилијамс, но сеуште не успеа да си обезбеди место во Формула 1. Заминувањето на Алекс Албон во Торо Росо му даде шанса тој да ја започне кариерата во Формула Е со Нисан е.Дамс. Оваа шанса дојде во вистинско време кога тој сака да се прослави.

Поминав долго време бркајќи го Формула 1 сонот и бев блиску. Тогаш видов што е всушност Формула 1.

Тоа е екстремно политичка организација каде нема место за талентите. Таму различни фактори влијаат на многу работи.

Дојдов во Формула Е и тука ми е полесно. Среќен сум со изборот. Формула 1 не ми е на радарот. Мислам дека иднината е во Формула Е. Јас сакам да направам име за мене и во Формула Е тоа може да го сторам.

Роуланд во моментов е на 9то место во Формула Е електричната тркачка серија со три пол позиции и два подиума.

НАЈНОВО

Хонда смета дека големи подобрувања ќе бидат тешки

Од Хонда веруваат дека значителни подобрувања во моќ ќе бидат тешко достапни во иднина поради моменталната фаза од развојот на моторот во Формула 1. Хонда...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Бахреин: Ферари се самоуништи и му подари победа на Мерцедес

Со многу среќа, со премногу среќа, Мерцедес стигнаа до нова 1-2 победа, втора за нив годинава на втората трка од календарот, а најзаслужни за...