Русија: Ботас храбро му ја подари 70та победа на Хамилтон

Со огромна помош од својот колега во 25от круг, кога Валтери буквално застана во пресрет на 13от свиок да го пропушти Луис Хамилтон, актуелниот првак победи на Големата награда на русија и ја зголеми својата предност во возачкиот проедок на 50 поени.

Трета победа на Луис во Сочи, а негов 4ти подиум на 5те трки кои до сега се возеле во градот домаќин на Зимскиоте Олимписки игри во 2014 година. Мерцедес останува единствен руски победник со 5 победи до сега како и вкупно 8 подиуми. Втор пат во историјата на трката победува возач кој стартува од второ место.

Хамилтон стигна до војата јубилејна 70та победа во кариерата и јубилеен 130ти подиум, додека Мерцедес стигнаа до 84та победа, 43та во доминантен 1-2 стил и вкупно 174ти подиум. Второто место на Валтери Ботас му го донесе 29от подиум со што се изендачи по бројот на подиуми со Даниел Рикардо, додека 3то место за Ветел значеше 109ти подиум за германецот од Ферари.

Кими Раиконен стигна до 4то место пред двајцата возачи на Ред Бул, Макс Верстапен беше 5ти, а Даниел Рикардо за него. Шарл Леклер со својот Заубер беше најдобар од останатите, следуваше Кевин Магнусен кој на квалификациите беше најдобар од останатите, а Окон и Перез ги освоија последните две позиции кои носат поени.

Стартот беше интересен, но не како што се очекуваше. Ветел моќно тргна и го мина Хамилтон, но Ботас се премести на десно на страната пред Луис и го повлече, помагајќи му да се забрза и да си ја врати позицијата која за момент ја загуби од Ферари. Од позадина, Верстапен моќно тргна нижејќи ги болидите пред себе. Шарл Леклер исто така одлично тргна и уште во првиот круг ги мина Окон и Магнусен и се позиционираше на 5то место.

Возачот на денот Макс Верстапен беше човекот на првите 10-тина кругови, веќе во 3от круг беше на 10ти место иако тргна од 19то. Истиот круг го мина Роман Гросжан за 9то, кругот број 4 беше моментот кога го мина Перез за 8мо, а следниот и Естебан Окон позиционирајќи се на 7ма позиција. Следниот круг жртва на Верстапен беше Кевин Магнусен, а потоа го нанижа и Шарл Леклер по што пред него останаа само Мерцедес и Ферари.

Кругот број 6 беше моментот кога се случија единствените откажувања на трката. Речиси во исти момент се извртеа двата болиди на Торо Росо сосема неочекувано и без дуел со никого. Истиот круг Брендон Хартли и Пјер Гасли се паркираа во гаражата.

Возчите на Хаас стартуваа на најмекиот хиперсофт кој кај нив издржа 9 односно 10 кругови, најпрво во пит влезе Роман Гросжан ,а следниот круг и Кевин Магнусен по што во топ 10 директно на 9то место влета и Даниел Рикардо.

Прв од водечките влезе токму водечкиот, Валтери Ботас кој во 12от круг промени од ултрасофт на софт, следниот круг истото го направи и Себастијан Ветел, а во 13от круг и Луис Хамилтон. Макс Верстапен го превзема водството, а Ферари профитираше со тоа што Себ излезе пред Хамилтон на патеката, но Луис моќно нападна и по еден кру го мина германецот и си ја поврати позицијата.

Потегот на денот се случи во 25от круг кога Валтери Ботас доби наредба од гаражата на Мерцедес во пресрет на 13та кривина да го пропушти Хамилтон кој надовдно имал проблем со една задна гума и не сакале да ризикуваат со него. Финецот многу послушно го направи тоа очекувајќи на крајот да му биде вратена позицијата.

Борбата за влез во поени се засили, во 26от круг по неуспешни обиди да го мине Кевин Магнусен, во Форс Индија се решија Окон да го пропушти Перез за мексиканецот да проба ди мине Хаас. Откако доби 11 кругови, во 37от круг Чеко ја врати позицијата. Со овој потег “розевите“ сакаа да го спречат Хулкенберг кој беше пред нив, а немаше промена на гуми, да не ги мине по менувањето.

На 13 кругови пред крајот од софт на ултрасофт промени Даниел Рикардо, но промени и нос на болидот по контактот кој го имаше на почетокот на трката. Во 43от круг гуми промени и Макс Верстапен, оставајќи го водството на Хамилтон.

Победата му донесе на Хамилтон дополнителни 10 поени предност во однос на Ветел по што на 5 трки пред крајот води со 50 поени предност. Валтери ботас го превзема 3то место од Кими Раиконен и во моментов води со 3 поени предност, додека Верстапен е 5ти со 28 поени зад Кими, а 24 пред Даниел Рикардо.

Со денешните поени Кевин Магнусен стигна да се изедначи на 7мо место со Нико Хулкенберг со кого имаат по 53 поени, зад нив е Фернандо Алонсо со 3 помалку, а 10ти и 11ти се Перез и Окон со по 7 поени.

Кај тимовите, Мерцедес води со 53 поени предност, Ред Бул се безбедни на 3то место, а предноста на Рено во однос на Хаас се намали на 11 поени. Предноста на Мекларен на 6то место во однос на Форс индија исто така се намали на 25 поени, додека Заубер дојде на само 3 поени од Торо Росо.

НАЈНОВО

Ферари подготвени да инвестираат “дебело“ годинава

Ферари се подготвени силно да инвестираат во Формула 1 тимот, вклучително и да изградат нов симулатор и се свесни дека ги очекува многу скапа...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Колку чини Ф1 болид за цела сезона?

Сезоната во Формула 1 за 2019 година заврши, но тоа не значи дека нема интересна содржина која може да се сподели. Со вас ќе споделиме...