Русија: Победа број 100 за Хамилтон во најинтересното Сочи до сега

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Луис Хамилтон стигна до својата 100та победа во Формула 1 кариерата на ултра-интересното Руско Гранд При, нјинтересна трка одржава во Сочи до сега.

Дополнително, седумкратниот шампион стигна до својот 176ти подиум на кој друштво му праеше Макс Верстапен кој тргна последен, за врши втор и дојде до својот 53ти подиум. Карлос Саинз повторно донесе подиум за Ферари, негов 5ти во кариерата.

Во пресрет на стартот, единствено Фернандо Алонсо и Серхио Перез беа на најтврдата компонента од топ 10, а во останатиот дел на гридот, со најтврдите гуми стартуваа и Гасли, Ботас, Џовинаци, Леклер и Верстапен.

Стартот навидум беше неинтересен, но долгиот праец во Сочи донесе слипстрим за Саинз кој фати брзина зад Норис и му го превзема водството, додека Хамилтон младиот британец внимаваше на Хамилтон, го затвори и го чинеше три позиции. На крајот од првиот круг, Ферари со Карлос го превземаа водството пред Норис и изненадувачки Ленс Строл, а потоа извонредните стартери Расел, Алонсо и Рикардо, така што Луис беше дури 6ти.

По крајот на првиот круг, ризикот се исплатеше за Леклер кој од 19то место дојде до 12то, Макс Верстапен беше многу претпазлив и напредна само 2 позиции, возеше 18ти откако тргна 20ти, а Ботас беше три места пред него.

Во вториот круг Хамилтон го мина Алонсо за 6то место, а во 6от круг Верстапен го направи тоа што се сметаше дека ќе му биде најтешко, го мина Валтери Ботас кој беше поставен на опашката од гридот токму за да го задржи. Холанѓанецот потоа го нанижа и Гасли и Леклер и стигна до 12та позиција во 10от круг.

Први по нови гуми влегоа Џорџ Расел и Карлос Саинз и своите медиум ги променија во хард уште во 14от односно 15от круг. Даниел Рикардо менуваше во 23от круг, но многу долго се задржа во гаража и од 2ро “падна“ на 14то место.

Хамилтон во 27от круг беше заглавен во колона од болиди и беше 8 секунди пред Верстапен, а двајцата менуваа гуми во 27от круг, Луис зема нови хард, а Макс се реши за нови медиум затоа што стартуваше на најтврдите.

Ландо Норис ја поведе трката, но откако Хамилтон се врати на патеката со два многу брзи сектори, тој промени во нови хард следниот 28ми круг, ист круг кога гуми менуваше и вториот Мерцедес возен од Ботас.

Луис три кругови ги загреваше гумите, а во 30от круг се реши да напаѓа и во истиот круг ги мина Саинз и Гасли и дојде до 5то место.

Првото откажување од трката беше во 33от круг, а му се случи на Мик Шумахер од кого беше побарано да го паркира својто Хаас во гаража.

Во 34от круг, гумите на Шарл Леклер почнаа да откажуваа, тој најпрв го загуби своето 3то место од Ландо Норис, а следниот круг и 4то од Луис Хамилтон по што влезе во боксот, но немаше брзо менување и “падна“ дури на 13то место.

Првата промена на Серхио Перез и Фернандо Алонсо кои во тој момент ја поведоа трката беше дури во 36от круг кога влегоа и своите хард ги променија на медиум. По излегувањето, Нандо беше толку брз со свежи гуми што брзо го мина МАкс Верстапен и му го превзема 6то место.

Брз беше и Чеко Перез кој го мина Даниел Рикардо за 4то место, а потоа го превзема и 3то на Карлос Саинз.

На 7 кругови пред крајот сите возачи добија информација дека се наближува дожд на патеката, а два круга подоцна тоа беше очигледно. Расел, Мазепин и Ботас први влегоа по интермедиа, а слендиот круг и Верстапен, Саинз и Рикардо додека Норис и Хамилтон останаа напред.

Луис Хамилтон во 49от круг реши да земе интермедиа, а Норис се инатеше и не ги слушаше советите на тимот дека е премокро да се вози со мазни гуми. Два круга подоцна, поточно во 51от, откако претходно лизгаше по патеката, излета, но имаше среќа и не се судри иако загуби позиција од Хамилтон. На крајот на тој круг влезе во бокс и излезе на 8мо место.

Хамилтон победи иако имаше лоши квалификации, но Ред Бул со Верстапен не загубија многу со своето второ место откако тргнаа како последни. Ферари со Саинз беа извонредни со својто подиум, додека Даниел Рикардо беше подобриот Мекалрен со финиш на 4то место, а Ботас иако речиси цела трка возеше надвор од поени, заврши на 5то место.

Норис излизга и при влезот во бокс при што се врати на патеката, а потоа повторно во боксот. Направи нешто недозволено, така што неговиот пласман на 7мо место “виси“.

Фернандо Алонсо беше одличен со 6то место, а Норис го мина Раиконен за 7мо место во последниот круг, по што финецот осови само 4 поени. Чеко Перез водеше голем дел од трката, но на крајот заврши само на 9то место, а поен освои и Џорџ Расел.

Image

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема