- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Русија: Победа за Ботас по 10 секунди казна за Хамилтон

Валтери Ботас победи на Руското Гранд При и трет пат по ред завршува на подиум во Сочи откако неговиот колега, Луис Хамилтон, доби казна од 10 секунди поради несоодветно вежбање старт во круговите пред почетокот на трката.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Финецот стигна до својата 9та победа во кариерата, втора оваа сезона откако победи и на отворањето во Австрија.

Актуелниот првак беше под истрага уште пред стартот затоа што пробувал стартна процедура на места каде тоа не е доволено, два пати го сторил истото по што стјуардите решија да го казна со две казни од по 5 секунди кои ги отсужи при единствената промена на гуми во 16от круг.

Стартот беше интересен и Хамилтон успеа да ги одбие нападите од Верстапен и Ботас поради своите помеки гуми кои подобро постигнаа температура, но финецот експресно го искористи неубедливиот старт на Макс и му го превзема второто место.

Даниел Рикардо исто така стартуваше одлично, тргна од 5то место и за момент го мина и Верстапен за 3та позиција, но потоа загуби и од него и од својот колега Естебан Окон.

Првиот круг донесе безбедносно возило по само 4-5 кривини поради два одделни инциденти, еден на Карлос Саинз, друг на Ленс Строл.

Карлос Саиз несоодветно мина низ 4та кривина и со цел да ги следи инструкциите на Мајкл Маси од Петок, а во врска со враќањето на патеката при излетување, имајќи преголема желба брзо да се врати на асфалтот, буквано се “залепи“ во ѕид. Шпанецот сакаше да направи слалом под полна гас помеѓу заштитната ограда и знаците, но се прецени.

Ленс Строл пак, имаше ситен контакт со Шарл Леклер зад себе, контакт кој беше доволен целосно да го изврти и да го однесе во оградата по само неколку стотици метри од стартот. Овој инцидент беше под истрата, но никој не беше казнет.

Петтото безбедносно возило во последните 6 години во првиот круг на Сочи се задржа на патеката 5 кругови пред да се повлече, а Луис Хамилтон многу рутински, за разлика од неговиот колега на претходната трка, одработе рестарт и незагрозен од никој си го задрќа водството.

Во кругот број 15 Чеко Перез го мина Даниел Рикардо за 5то место, а австралијанецот веднаш потоа беше прв кој влезе во бокс по хард гуми, откако стартуваше на софт.

Следниот круг Луис Хамилтон влезе во гаража и се задржа многу долго затоа што ги изржуваше двете казни од по 5 секунди, а при излегувањето на патеката беше незадоволен од одлуката и казните. Тој промени на хард и од прво место, падна на 11то.

Во 19от круг и Естебан Окон и Пјер Гасли влегоа по свежи гуми додека беа на 3то одосно 6то место, а круг подоцна тоа го направи и Чеко Перез.

Макс Верстапен се возеше на второ место во 25от круг кога влезе по хард гуми и излезе зад Даниил Квјат кој го мина за два кругови, но најважно е што се приклучи пред Луис Хамилтон. Валтери Ботас промени гуи круг по него.

Десетина кругови Себастијан Фетел ги држеше зад себе возачите на Рено, Естебан Окон никако не успеваше да го нападне, а Рикардо возеше зад французинот. Во 27от круг Рено реши да ги промени позициите кај своите возачи, но Рикардо како да не знаеше за тоа, ги закочи тркалата, прешироко мина низ втората кривина и несоодветно се приклучи на патеката што значеше казна од 5 секунди за него, но не загуби позиција во крајниот поредок.

Рикардо го мина Фетел за 7мо место во 28от круг, а подоцна тоа го стори и Естебан Окон. Откако Рено беа доволно забавени, Шарл Леклер влезе во бокс и промени од медиум на хард, паѓајќи од 2ро на 7мо место, а следниот круг пневматии промени и неговиот колега од Скудерија.

Роман Гросжан загуби позиција од Себастијан Фетел во 33от круг, но при приклучувањето на патеката согласно инструкциите од Петок, удри во еден знак од стиропор и го разнесе истиот по што следуваше неколку минути виртуелно безбедносно возило за да се расчистат остатоците од знакот и да се монтира нов.

Ландо Норис, Алекс Албон и Пјер Гасли имаа убава борба за два поени пред крајот на трката, а Гасли иако беше последен во колоната победи во таа битка и донесе 9то место за АлфаТаури, поен зема Албон и покрај казната од 5 секунди, а Ландо финишираше надвор од топ 10.

Валтери Ботас победата ја прослави со својата стандардна реплика преку тимското радио со која им се обраќа на сите негови критичари, а пресреќен беше и Макс Верстапен кој ги раздели Мерцедес. Губитник на денот беше Хамилтон кој поради глупост беше казнет и финишираше на 3то место пред Чеко Перез и Даниел Рикардо. Шестото место му припадна на Шарл Леклер од Ферари пред второто Рено на Окон, а потоа тандемот на АлфаТаури, Квјат пред Гасли. Поен доби и Алекс Албон.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Вилнев: Развојот на Ферари е насочен кон Леклер

Поранешниот Формула 1 првак, Жак Вилнев, смета дека целиот развој на овогодинешниот болид на Скудерија Ферари е насочен да му одговара на...

РЕЗУЛТАТИ

Португалија: Хамилтон го сруши Шумахер, 92ра победа за шампионот

Луис Хамилтон го сруши Михаел Шумахер од првото место на вечната листа на победници со својот триумф на Португалското Гранд При што беше победа...

популарно

Мерцедес објаснија зошто не му дозволиле софт на Ботас

Тото Волф објасни дека Мерцедес биле “тврди“ во својата одлука во однос на планираната стратегија за Валтери Ботас на Португалското Гранд При и покрај...