Саинз сака да го напушти Мекларен со успех

Карлос Саинз откри дека е решен да го напушти Мекларен со успех и да ја одработи со стил својата последна година во Вокинг пред да мине во Скудерија Ерари за 2021 година.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

25-годишниот шпанец е благодарен на шефовите од Мекларен за поддршката и разбирањето во текот на неговите преговори со трофејната италијанска екипа.

штом дознав дека ферари се интересира за мене и сакаат да ме доведат за 2021 година, веднаш му го кажав тоа на шефот на мекларен, зек браун. тој беше позитивен дека штом таква можност му се укажува, мора да ми дозволат да преговарам со нив за да заеднички видиме како ќе се одвиваат работите.

клучно во тој процес е отвореноста и искреноста на сите вклучени страни за да договорот се склучи и соработката се оствари. поради тоа сум многу горд и начинот на кој се беше менаџирано ме прави многу среќен и многу благодарен до зек браун и до сите од неговиот тим – изјави карлос.

На крајот на 2018 година, Саинз пристинга во Вокинг од фабричката екипа на Рено како замена на двократниот шампион, Фернандо Алонсо и лани дојде до прв подиум за тимот по 2014 година со своето трето место во Бразил. Сезоната ја заврши на шесто место, најдобар возач од оние кои не возат за најдобрите три екипи на гридот.

во мекларен ми рекоа дека сум го заслужил трансферот и дека се сигурни дека ќе минам одлично таму. тоа е одличн да се чуе секогаш од вашиот шеф во овој спорт. нема ништо што повеќе сакам одошто да ја завршам сезоната одлично со мекларен и да им донесам успех на тимот.

НАЈНОВО

Гасли ќе се откажел по само 10 круга

Пјер Гасли изјави дека речиси ќе се откажел од Австриското Гранд При по само 10 круга на Ред Бул Ринг поради проблем...

РЕЗУЛТАТИ

Австрија: Возбуда “на кило“ и безгрешен Ботас

Не беше залудно чекање од 217 денови за почеток на Формула 1 сезоната затоа што Австриското Гранд При донесе луда, неизвесна, возбудлива трка и...

популарно

Ферари објаснија зошто го отпуштиле Фетел

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, инсистира дека Себастијан Фетел бил нивни прв избор за возач за следната година, но појасни дека промената на...