Саинз сака да остане во Мекларен

Карлос Саинз веќе најави дека сака да остане во Мекларен и по крајот на следната тркачка сезона откако фановите на официјалниот Формула 1 вебсајт го прогласија за најдобар четврти возач во сезоната.

немам јасни цели за следната година, но многу е важно да продолжиме со напредокот и да продолжиме да се доближуваме до екипите пред нас. следната година е сезона во која треба да го задржиме трендот, а потоа никој не знае што може да се случи. јас одам на празниците без никаква грижа – изјави карлос на спонзорски настан во мадрид.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Шпанецот призна дека уште едно 6то место и нов подиум следната година ќе биде многу тешко остварлива работа.

почетокот на сезоната ќе биде сличен како крајот на оваа со три доминантни екипи, но се надеваме дека ќе бидеме први кои ќе намалат дел од заостатокот.

Тој, како и речиси сите возачи ан гридот има договор само до крајот на следната година.

премногу е рано да се зборува за 2021 година, но не сакам да кријам дека сум среќен со овој проек, а уште чекор напред ќе не мотивира многу. нема причина да барам друго место затоа што сум пресреќен во мекларен.

2021 година ќе биде нова и голема можност за сите, за формула 1, за екипите и возачите да направат почеток од ново и се надеваме дека ќе бидеме поконкурентни и повеќе ќе се забавуваме.

Саинз смета дека голем дел од неговиот успех се должи на стабилноста која му ја даваат во Вокинг.

првите три години со ред бул беа секоај за себе и иако беа одлични, нмав стабилност како онаа што ја имам со овој среднрочен проект со мекларен. многу значи д нема потреба да се борите со колегата секоја сезона затоа што во ред бул константно се случуваа промени.

сега сум крај ландо и одлично се сложуваме и си помагаме да го напреднеме тимот. навистина сакав ваква ситуација затоа што знам дека имам потенцијал.

НАЈНОВО

Одложено и Канадското Гранд При

Големата награда на Канада официјално е додадена на листата на одложени настани од Формула 1 календарот за 2020 година поради пандемијата на Ковид-19 вирусот...

популарно

Мерцедес ги поставија условите за нивното учество во Ф1

Шефот на Дајмлер, Ола Калениус, ги постави условите и правилата под кои Мерцедес би продолжиле во Формула 1. Иако никој не очекува шесткратните шампиони да...